Безос прв пат се појавува на листата на Форбс во 1998 со богатство од 1,6 милијарди. За споредба, само неделава Безос успеа да заработи повеќе од 1,6 милијарди долари.
Скокот на богатството на Безос се должи на скокот на акциите на Амазон, благодарејќи на очекувањата од „Прајм деј“ (денот на попусти на Амазон), по што компанијата вреди речиси 900 милијарди долари, а Безос поседува околу 16% од акциите.
Ако Безос тргне да купува и други акции, овие пари би му биле доволни, на пример, да ги купи сите акции на берзата во Луксембург и тоа два пати, а исто е доволно и за да ја купи секоја компанија што е на ирската берза во моментов, (две држави кои се столб на даночната измама на Амазон).
Доколку сака да шара и да не се врзува со само една држава, за 150 милијарди може под свое да ги има берзите на Нигерија, Унгарија и Египет.
Целата логика оди кон тоа дека човекот ќе се држи до акциите на Амазон, кои годинава пораснаа за околу 50% и на Безос му донесоа дополнителни 50 милијарди долари.