Руската РТ објавува снимка од разговор на германски генерали кои дискутираат за тоа како би можеле да го снабдат Киев со проектилите Таурус и истите да бидат искористени за напад на мостот што го спојува Крим со Русија, а по пат ги цинкарат и сојузниците дека имаат свои војници во Украина.
Рускиот претседател му подарил луксузна претседателска лимузина Аурус од руско производство на Ким Џонг Ун, бидејќи севернокорејскиот лидер го бендисал возилото кога беше во посета на Русија.
Како што најави, во 18 часот по американско источно време Такер го објави интервјуто со рускиот претседател снимано само два дена претходно во Москва. Интервјуто трае околу 2 часа, и до сега само на Твитер погледнато е 65 милиони пати. Премиерата на интервјуто беше на ТЦН мрежата на Такер.
Деновиве се појави слика од Такер Карлсон како седи во театар и гледа претстава околу која се вознемири комплетната американска медиумска фела. Причина за паниката е што театарот е Бољшој, сред Москва, а Такер веќе се товари за предавство затоа што како новинар можно е да разговара со Путин.
Земјоделците од Саксонија кои ја блокираа цела држава откако државата реши да им скрати субвенции и да им укине поволности под изговор дека нема пари во буџетот, седнаа и и пресметаа на истата таа држава колку германски пари расфрла кај ќе стигне.
Две лиги ќе добијат дополнителни места во Лига на шампиони следната сезона како дел од проширувањето. Со моменталната состојба тоа би биле Италија и Германија. Дежурните критичари на Серија А на апарати.
Рускиот претседател ги повика Русинките да имаат осум или повеќе деца и да направат големите семејства да бидат новиот стандард, откако земјата повеќе од 30 години, од почетокот на 1990-те, константно има пад на популацијата.
Џон Мершајмер го расклопува доминантниот западен наратив дека Путин и Русија во војната влегуваат со намера да ја освојат цела Украина, а потоа да продолжат со остатокот од Европа. Како што ќе објасни професорот, Германија тргна да ја освојува западна Полска со 1,5 милиони војници, што ќе направи Путин со неполни 200.000 против цела Украина?
Илон Маск известил функционери од Пентагон дека телефонски лично разговарал со рускиот претседател, по почетокот на руската инвазија во време кога неговиот Старлинк сателитски интернет беше масовно распоредуван низ Украина.
Утрото на 24 јуни кога Ростов веќе падна под управа на Пригожин и неговите борци, во Москва Путин бил парализиран и не можел да делува, ги пренесува Вашингтон пост изјавите на украински и останати европски безбедносни функционери. Како поткрепа за тврдењето тие наведуваат дека во најголемиот дел од денот не биле издадени никаква наредби.
На вториот работен ден по обидот за вооружен преврат на цела или дел од руската влада, руските власти објавија дека се откажуваат од сите кривични обвиненија против лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
На мировните преговори одржани во Истанбул пролетта 2022 било договорено и потпишано примирје меѓу Русија и Украина, но во моментот кога Русите се повлекле од Киев, Украинците се откажале од договорот, изјави рускиот претседател на состанокот со африканските лидери во Санкт Петерсбург.
Германија ќе мора да го намали, па дури и целосно да го изгаси своето индустриско производство ако Украина не го продолжи договорот за транзит на руски гас преку своја територија кој завршува на крајот од следната година, предупредува германскиот вице-канцелар и министер за економија, Роберт Хабек.
На руските сили што се борат во Украина им недостасуваат доволно напредни оружја и покрај тројното зголемување на производството, изјавил рускиот претседател за време на средба со новинари и блогери.
Кога е во прашање Меѓународниот кривичен суд во Хаг, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, е на сличен став како и официјална Москва, дека тој не треба да постои. Што не значи дека Болтон не би го апсел Путин по друга основа.
После оружје и пари, трето на списокот на желби на сите противници на руската инвазија во Украина е - Путин во Хаг. Истото го бара и Зеленски како услов за примирје со Русија, како и германската министерка за надворешни работи. Процената на Економист е дека тоа нема да го дочекаат.
Навраќајќи се на сопствените недоразбирања со разузнавачките структури во САД, Трамп не пропушти да му спомне на ФБИ дека агентот што требаше да ги открие руските врски на Трамп, е уапсен заради врски со Русија.
За оваа една година војна во Украина, Германија и понатаму останува зависна од увоз на енергенси, но тоа веќе не се руски туку се купени на меѓународен пазар, изјавува германскиот министер за енергетика, Кристијан Линдер.
Украина може треба да и заблагодари на Германија што не и прати тенкови, откако од 18 тенкови ангажирани за една воена вежба во Германија сите 18 биле „капут“.
Со целосна сериозност и тежина на позицијата министер во британската влада, Надим Захави (министер без ресор) им порача на медицинските сестри и возачите на Брза помош дека со барањето за покачување на платите работат за Владимир Путин.
Путин ја почнува војната со прогласена независност на Луганск и Донецк, па дури потоа решава истите тие, со уште две други области од Украина да ги припои кон Русија, и тоа нема врска со империјализам, тврди за Њујоркер професорот Џон Мершајмер.
Највисоки руски функционери, највисоки членови на руските елити, највисоки претставници на руското разузнавање речиси до последен момент се оставени да веруваат дека нема да има војна. Меѓу сите овие, освен Путин, не се и Николај Патрушев, Александар Бортников и Сергеј Шојгу, од кои само последниот не бил директор на ФСБ.
Доколку се појави таму, самитот на Г20 во Индонезија ќе биде првото излегување на Путин од Русија (и екс-СССР) од почетокот на војната, и на страна агендите, главна преокупација на луѓето на Бајден е по никоја цена нивниот претседател да не се сретне со рускиот, ниту да се размине.
Само што Бајден пролетоска изјави дека Путин не смее да остане на власт, во порака која Вашингтон пост ја нарече „најпркосна и агресивна изјава околу Русија на американски претседател од времето на Реган“, советниците на Бајден веднаш се впуштија во ублажување и повлекување на пораката, пишува некогашниот советник на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон.