Џејми Варди од коло во коло е се поголем хит во Премиер лигата каде го стигна рекордот на Ван Нистелрој од 10 гола на 10 меча по ред. Во минатото фудбалот му бил само хоби, додека работел во фабрика, а сега е најдобар стрелец во Англија и има 10 гола повеќе од Диего Коста.
Ако некоја личност која има ингеренции да го чита ова, ве молам помагајте, но не со решението што ми го понудија во ПОЦ - 100 еур месечно за изнајмување на личен паркинг. Резидент значи жител, а не плаќач.
Најдобриот словенечки фудбалер во историјата важеше за човек што секогаш ќе го каже тоа што другите не сакаат да го слушнат. Во тоа се уверија Русите среде Москва.
Прво и основно правило, камембеР! Знам дека се пишува со Т на крај, но се изговара без него. Исто како што Peugeot е Пежо или Merlot е Мерло. Ова го кажувам затоа што се уште среќавам луѓе што така го изговараат, а не да се правам многу паметна. Good!
Ако не сте сигурни дали Ѓоковиќ ќе слави против Федерер, дали Баерн и Борусија ќе тепаат колово или која утакмица да ја играте кец у два, прашајте ја Мирјана. Има 61 година, а фудбалот ја исполнува духовно.
За првпат во историјата, едно ЕП ќе има 24 селекции кои ќе играат на нови, реновирани и најмодерни стадиони во Бордо, Ленс, Лил, Лион, Марсеј, Париз, Ница, Сен Дени, Сент Етјен и Тулуз.
Поранешниот италијански напаѓач раскажува како барал да му ја намалат платата во Интер, само за да дојде Неста. Потоа што добил за голот од мртов агол во Атлетико и на која позиција играл кога младинец.
Дуелите на двата најголеми клуба на светот имаат и темна страна. Не бeше сè до головите, парадите и неверојатните дриблинзи, туку се правеа и нелогични грешки.
Акутната зависност на Баерн од неговата десетка полека заминува во историјата, затоа што Баварците одлично се снаоѓаат и без помошта на човекот кој извесно време не зборувал со Левандовски и се замерил со Даглас Коста.
Со головите на Даглас Коста, Ренато Аугусто и Фелипе Луис, Бразил славеше со 3:0 против Чиле во Квалификациите за Мундијалот во 2018-та, а Нејмар сакаше да му го подари дресот на судијата, но не му успеа.
Чинија со дупки, за оние кои се на диета. Комбинација на лопата со фотеља, за мрзливи градинари. „Фејсбук" или книга со огледалца во кои се гледате себеси - ова е мал дел од пронајдоците во Нонсеум, или музејот на пропаднатите и тотално бескорисни идеи. Демек сите други се спротивно на ова.
„Јас и ти" ги содржи првите снимени сесии за Колумбија рекордс на прерано заминатиот музичар. Како и со сите други изданија на тн. „загубен" материјал и ова остава доза на скепса - дали ваквото постхумно издавање ни кажува нешто ново? Дали неговата репутација може да биде загрозена од второкласен материјал? Кога е во прашање Бакли ништо од ова не ни е важно.
Случајот со трите жртви во близина на Стад де Франс за време на пријателскиот дуел Франција – Германија е дел од големата листа на терористички напади кои низ историјата го оцрнуваа спортот. Во Минхен се памети Олимпијадата, а во Бостон маратонот.
Фудбалот ни пружа задоволство од убави голови, добри финти и луди голмански бравури. Оваа сјајна игра понекогаш ни носи приказни достојни за холивудски филм. Една таква стигна од студената Норвешка.
Англиската влада ќе разгледува дали хомеопатијата треба да биде ставена на црната листа на третмани кои на општите доктори во Англија им е забрането да ги препишуваат. Аргументот е дека пациентите не добиваат ништо повеќе од бескорисни зашеќерени таблети.
Возачот на Мерцедес, Германецот Нико Розберг триумфираше на трката за ГН на Бразил која беше претпоследна трка во сезоната. Втор Хамилтон, трет стандардниот Себастијан Фетел.
Познатиот руски спортски новинар, Владислав Воронин во живо го гледал дуелот Франција - Германија и детално ги опишува моментите на страв кога публиката дознава за терористичките напади.
„На три метри до него имало терористи со калашникови. Пукале 5.000 пати, а еден куршум завршил кај син ми во рамо“, изјави таткото на 45 годишниот Итaлијанец.
Вардар загуби со минимални 31:30 на гостувањето кај европскиот првак Барселона, која на тој начин го презеде првото место во групата од Скопјани. Кире непрепознатлив со осум промашувања, Горбок постигна девет голови за Вардар. Реваншот во Скопје на 22-ри ноември.