Розберг одигра Самба во Бразил

Возачот на Мерцедес, Германецот Нико Розберг триумфираше на трката за ГН на Бразил која беше претпоследна трка во сезоната. Втор Хамилтон, трет стандардниот Себастијан Фетел.

Розберг на легендарната патека Интерлагос во Бразил ја оствари петтата победа сезонава, а 13-та во кариерата. Инаку, Розберг по вторпат годинава врзи два триумфи едно по друго.
 
Цели осум секудни заостанување имаше шампионот Луис Хамилтон, а трет на подиумот се качи возачот на Ферари, Себастијан Фетел.
 
Розберг во Сао Пауло водеше од почеток до крај, освен во моментите кога влегуваше во боксот. Британецот само на два пати успеа да одржи сериозен чекор до лидерот, но тоа беше единствено доволно Хамилтон да заврши многу пред Фетел кој беше далеку зад него.
 

Четирикратниот светски шампион имаше прилично мирна трка, за што говори и фактот дека низ целта мина дури 30 секунди пред клупскиот колега од Ферари, Кими Раиконен. Кими беше последен возач што ја заврши трката во еден круг од Розберрг. Зад него целта ја минуваа возачот на Вилијамс, Валтери Ботас, Нико Хилкенберг од Форс Индија и Русинот Данил Квјат од Ред Бул кој заврши седми.
 
Последната трка на шампионатот во Ф1 ќе заврши на 29. ноеврми на патеката Јас марин во Абу Даби.

На подиумот стоеше и француското знаме со црн флор

 
Првите 10 на трката во Бразил денес:

1. Нико Розберг
2. Луис Хамилтон
3. Себастијан Фетел
4. Кими Раиконен
5. Валтери Ботас
6. Нико Хилкенберг
7. Даниел Квјат
8. Фелипе Маса
9. Роман Грожан
10. Макс Ферстапен

15 ноември 2015 - 18:53