Приказна за четвртолигаш од рибарско место

Норвешкиот Вулверин за кој мора да навиваме

Фудбалот ни пружа задоволство од убави голови, добри финти и луди голмански бравури. Оваа сјајна игра понекогаш ни носи приказни достојни за холивудски филм. Една таква стигна од студената Норвешка.

Во малото приморско градче Гримштад, на југот од скандинавската земја настапува фудбалски клуб по име Ерв (во превод од норвешки значи лакомец, вулверин).
 
Во Гримштад живеат околу 20.000 луѓе кои претежно се занимаваат со риболов и селски туризам, а вечерите и празниците најчесто ги минуваат во локалниот театар кој е еден од најпознатите во Норвешка. Ерв е основан во 1921 година, но никогаш не постигнал голем успех, тимот никогаш не стигнал во горните норвешки лиги и со години се сопнува во трета и четврта лига. Од основањето до денес, Ерв никогаш не ирал ниту во втора лига.
 
Сè се сменило на почетокот од сезоната во 2014-та. Само што обезбедил пласман во трета лига, на тимот му бил потребен тренер кој ќе ги научи на нешто ново.

Изборот паднал на 38-годишниот Стејнар Педерсен, човекот кој прерано ја завршил фудбалската кариера во која освои Лига на шампиони со Борусија Дортмунд во 1997. година. И покрај тоа што за Дортмунд одиграл само 4 меча, факт е факт. Педерсен играл уште и за норвешките клубови Старт и Лилестрем.

„Загрижен сум, изјавил Педерсен веднаш по именувањето - Тоа е голем предизвик за мене. Ерв е амбициозен тим кој заслужено освои промоција во повисок ранг".

Претседателот на клубот Гунар Толанд изјави дека му е многу драго што успеал да потпише договор со тренерот почетник:

„Иако има мало тренерско искуство, тој ја освои Лигата на шампионите, беше капитен во неколку големи клубови а стана и тренер-играч. Ќе имаме многу корист од него".

Во првата сезона, Педерсен успеал да изгради солидна одбрана и како резултат на тоа Вулверините примиле само 29 голови на 26 натпревари, најмалку во лигата. Најзаслужни за таквиот подвиг биле двајцата нови одбранбени фудбалери и голманот Кнутсен. Педерсен имал добри односи во прволигашот Старт каде ја заврши играчката кариера, така што од клубот му праќале резервни играчи на позајмица.

Ерв станал домашна екипа - 12 победи и само 1 пораз. И покрај бледите настапи на гости, го освоил првото место пред фаворитите Виндбјарт, Конгсвингер и Нотоден. Најдобар стрелец на екипата бил Косоварот Вилхелм Пепа со 24 голови и Ерв заслужено се искачил еден ранг погоре, во втората лига.

На стартот на 2015-та година, експертите му предвидувале на клубот грчевита борба за опстанок во втората лига а најголем дел од нив скептички му давале само една сезона во ова првенство.

Како и да не помислат такво нешто за клубот со најмал стадион во лигата кој може да прими само 1.750 гледачи и клубот со најмал буџет. Сите играчи на Ерв не вредат колку една копачка на Герет Бејл. И покрај тоа што победиле дури во 7. коло а попат испаднале од купот, Вулверините оставиле добар впечаток. Нетипично за норвешка лига, составот играл сигурна одбрана и во првите 4 од 7 меча не примил гол. Главна заслуга за тоа има капитенот и ветеранот Глен Андерсен, 35-годишниот стопер кој одиграл преку 200 меча во Супер лигата на Норвешка.

Во нападот најдобар стрелец е 21-годишниот Охи Омоиџуанфо кој дал 15 голови на 29 натпревари и го заинтересирал Стабаек кој решил за него да даде големи пари. Омоиџуанфо ќе игра за некогашниот шампион од следната сезона. Трансферите на Ерв се право ремек дело. Готово без да потрошат пари, Вулверините носат мошне солидни фудбалери. Андерсен, Омоиџуанфо, Мурет, Линд се играчи кои дошле без обештетување а станале клучни фудбалери.

После триумфот во 7. коло, Ерв остварил 3 победи на следните 4 натпревари и ја завршил полусезоната на 8. место. Втората полусезона, Ерв постигнал 30 голови на 15 натпревари. Одбраната продолжила да игра сјајно и на крајот на првенството Ерф бил екипа со најмалку примени голови и завршил петопласиран со 12 победи, 11 нерешени и 7 порази.

Последното коло донело многу неизвесност. Ерв успеал да одигра 2-2 во 90-та минута од мечот со Фоло и да заврши како петтопласиран а со тоа и да влезе во плејоф борбата за пласман во најдобрата лига. Во разигрувањето, домаќинство имале екипите на Кристијанштад и Ход како подобро пласирани, а гостувале Ерв и Ранхеим. На тој начин Ерв кој играл против Ход бил принуден да гостува дури 840 километри. Управата ги викнала навивачите да бидат 12-от играч и да му помогнат на клубот.

Големиот фаворит за влез во првата лига, Ход поведе со 1:0 на крајот од првото полувреме, по корнерот. Иако притиснат на својата половина, Ерв како што среќата ги прати храбрите преку Омоиџуанфо успева да израмни на 1-1 во 90-та минута и да обезбеди продолженија.

По неколку напади на Ход, Ерв успева да не прими гол во продолженијата и мечот се решава на пенали. А таму херој станува голманот Кнутсен кој го брани решавачкиот пенал на Карлсен и Вулверините сензационално стигнаа до финалето на плејофот каде синоќа играа против Кристијанштад и победија на гости 0-2 со головите на Линд во 86-та и 93-та минута.

На 21-ви ноември, Ерв ќе игра против прволигашот Старт за место во најдобрата норвешка Супер лига. Напред Вулверини!