Хернбаумгартен, селце во североисточна Австрија, отсекогаш било малку откачено. Секоја година таму се одвиваат необични фестивали, како не пример 24-часовна трка на полжави придружена со музичка програма, трубачи и ветеринар кој ги разрешува расправиите околу допингот. Наградата за сопствениците на полжавите-победници - бесплатно јадење во локалниот ресторан, каде како дел од фестивалот келнерите се движат со брзина на полжав.
Сличен фестивал одржан во истото место резултирало со создавање на Нонсеум, музеј на пропаднати пронајдоци. Кога сопствениците Фриц и Бети Гал ги поканиле соселаните во нивниот дом во 1984 за да видат голема изложба на кукли кои користат апсурдни предмети, тие очекувале околу 30 луѓе. Наместо тоа се појавиле 6000, и така се родил музејот.
Најголем број од овие изуми се на самиот „уметнички директор" односно газда на музејот, кој посветува многу време во конструирањето необични и бескорисни иновации. Но, според него тука ништо не е поинакво отколку во „реалниот" живот, во кој секојдневно сме терани да купуваме токму такви предмети, со краток рок на траење и без никаква практична смисла.
Фриц Гал студирал на Виенската уметничка академија, а сега се смета како нешто на граница помеѓу неуспешен пронаоѓач и авангарден уметник. Во целата негова работа има и многу сатира, како во пронајдокот под број 489, „Фејсбук", кој претставува книга полна огледала во кои постојано си го гледаш лицето.
Помеѓу другите необични предмети во музејот е и полуавтоматски чепкач за нос („за да можеш да вадиш мрсули среде опера без да се срамиш"), како и поставено сукало, за кога сопругот ќе се врати доцна дома да му се одмаздиш без да го убиеш. „Освен ако не останал баш цела ноќ надвор, тогаш поставата се вади".
Повеќе за музејот тука (само германски)
Извор: Смитсонијан