Институто влезе во тешка финансиска криза и откако не можеше да најде пари за плати на играчи, почна да бара помош од навивачите. Франко Вилегас кој има 11 години за роденден добил 30 евра, а парите веднаш ги донирал во клубот.
„Почитуван претседател на Институто, јас сум Франко и како навивач на клубот донирам 30 евра, пари кои ги добив за роденден. Како поклон од вас барам дрес со потпис од сите играчи, ако може. Се надевам дека мојата донација ќе ви помогне. Фала“.
Франко го добил потпишаниот дрес, а му го подарил неговиот омилен играч, Кристијан Бернарди.