Најавен за март 2016, на албумот има девет кавери и две оригинални песни, меѓу која и славната „Грејс", која стана и насловна песна на неговиот дебитански албум. Помеѓу првите се песни на Боб Дилан, Слај Стоун и две на Смитс.
Материјалот бил снимен во Њујорк во февруари 1993, а пронајден во текот на истражувањето поврзано со 20-годишнината од албумот „Грејс". Иако тој досега никогаш не бил издаден во каква и да е форма, голем број од песните биле изведувани во живо од Бакли во текот на неговата кратка но интензивна кариера.
„Кога почнавме да чепкаме по архивата за да ја одбележиме годишнината, таму, што понекогаш и неочекувано се случува, најдовме неверојатен подарок: 'загубени' студиски снимки од тој период", изјавил Адам Блок, претседател на Сони Легаси. „Тие нудат неповторлив, редок поглед на уметникот, осамен, во светиот простор на студиото. Има една интимност и чесност во изведбите која буквално го одзема здивот. Јас и ти е значајно дополнување на снименото наследство на Бакли и ќе биде возбудливо и за неговите долгогодишни фанови, но и за оние кои допрва ќе го запознаваат"
Бакли, под не сосема јасни околности, се удави во Мисисипи во мај 1997, на само 30 години. Освен единствениот студиски албум Grace има оставено работни делови од вториот, My Sweetheart the Drunk - демоа за повеќе или помалку завршени траки, кои беа објавени во 1998. Од неговите настапи во живо се составени и пет вакви албуми. Еве ја целата листа на новиот албум:
1. Just Like a Woman (Bob Dylan cover)
2. Everyday People (Sly & the Family Stone cover)
3. Don't Let the Sun Catch You Cryin' (First recorded by Louis Jordan)
4. Grace (original)
5. Calling You (Jevetta Steele cover)
6. Dream Of You and I (original)
7. The Boy With the Thorn In His Side (the Smiths cover)
8. Poor Boy Long Way From Home (traditional blues song, Bukka White cover)
9. Night Flight (Led Zeppelin cover)
10. I Know It's Over (the Smiths cover)
Единствената засега издадена песна од албумот, акустична обработка на „Секојдневни луѓе":
И сега најголемата посластица - неговиот настап во живо во Батаклан во 1995, на концерт кој е издаден на еден од живите албуми. Прекрасна обработка и комбинација на две песни од Пјаф - „Не го знам крајот“ и „Химна на љубовта“. Во моментот кога почнува да пее на француски, публиката во Париз паѓа во делириум.