29 мај 1985 година и 13 ноември 2015-та се двата датуми на кои Масимилијано Наталучи имаше голема среќа. Тој беше еден од 1500-те присутни во концертната сала „Батаклан“ каде тројца терористи пукаа со калашникови и убија 87 луѓе.
„На три метри до него имало терористи со калашникови. Пукале 5.000 пати, 10 минути без прекин, а еден куршум завршил кај син ми во рамо. За среќа успеал да избегал позади бината, а потоа преку излезот за итни случаи се качил на покрив. Со него имало и други педесетина луѓе, а таму седеле тивkо 2 часа се додека не дојде полицијата“, раскажува таткото на Масимилијано.
30 години претходно, тој како 15 годишен навивач на Јувентус со татко му и чичко му бил да го гледа финалето од Купот на шампиони меѓу Јувентус и Ливерпул на стадионот Хејсел. Го преживеал и тој хорор каде загинаа 39 навивачи откако се сруши една од трибините.
Масимилијано за малку ќе бил дел и од две големи сообраќајни несреќи, а едната ја избегнал откако се разделил со своите пријатели половина час пред да се случи. Сите тројца кои се качиле во кола, загинале.
Во пресрет на пријателскиот дуел меѓу Белгија и Италија, одигран пред два дена, гостите им оддадоа почит на загинатите во Брисел.