Респект на Италија за 39-те жртви

Во пресрет на вечерашниот пријателски дуел меѓу Белгија и Италија, гостите не заборавија на една од најголемите фудбалски трагедии во историјата. Делегацијата на Италијанците во кои беа луѓе од федерацијата и сите репрезентативци заедно со селекторот Антонио Конте, го посетија меморијалниот центар на 39-те навивачи, кои загинаа во несреќата која се случи пред 30 години на стадионот Хејсел за време на финалето од Купот на шампионите меѓу Ливерпул и Јувентус.

13 ноември 2015 - 16:59