Веста дека дури сега ќе дојде крајот на ИСИС, откако се згрешија и го изнервираа Ел Чапо (која оди по маалската логиката дека мексиканскиот картел некако е воено поподготвен од Русија или САД), која беше пренесена од Фокс, Њујорк Пост, Форбс и речиси се што индексираат македонските агрегатори, ниту е точна, ниту е вистинита, туку е чиста сатира, ако може да му се верува на човекот што ја напишал.
Одговорот е од една онлајн дискусија на прашањето до луѓето што го поддржуваат Доналд Трамп за претседател (кои веќе станаа сериозна бројка на сите анкети): кои се вашите главни причини што го поддржувате и околу што се сложувате со него?
Само овие десет клипа годинава имаат вкупно 470 милиони прегледи. Посебно важно за интернет историјата е што две третини од овие 470 милиони прегледи се од мобилен уред, во истата година кога Јутјуб за прв пат во свoето постоење има повеќе прегледи од мобилни уреди, отколку од десктоп / лаптоп компјутери.
Интервјуа со два анонимни шанкери, едниот веќе ветеран кој 12 години минал на најразлични шанкови, вториот е студент кој сега почнал со професијата. Прво нешто што треба да знаеш за работење како шанкер во Њујорк е дека ти требаат врски за да се вработиш, за ова се согласуваат и двајцата, второ, сите знаат кога некој гостин не е само на алкохол.
Од Рики слушнавме за првото забивање на отворено игралиште во Скопје, за првиот пресинг, првиот Југословен кој заминал во НБА лигата и како во Милано ги наместиле да загубат за да не влезат во финале на Европскиот Куп. Се чувал и со Корач.
Партизан ниту после 11 години нема да презими во Европа иако водеше 1:0 против Аугзбург, на крај загуби 1:3. Спортинг убедлив против Бешикташ, а Ламела со три шута му да даде три гола на Монако на Вајт Харт Лејн.
Гери Невил имаше лошо деби за Валенсија која загуби од Лион, а Гент славеше над Зенит за пласман во нокаут фазата од ЛШ. Таму ќе патува и Рома без голови против БАТЕ, бидејќи Баер Леверкузен не успеа да ја совлада Барселона, како и Динамо Киев.
Во пресрет на ждрепката за групите на Европското првенство 2016-та, која ќе се одржи на 12. декември во Париз, ќе ги разгледуваме градовите домаќини на континенталниот турнир. Стадионите веќе ги запознавме, а од градовите прва е Ница.
Во последниве 30 години во Канада има речиси 1.200 убиства или исчезнувања на домородни жени кои воопшто не се решени. За да не остане така, Трудо вети 40 милиони долари (канадски) за решавање на овие случаи, што го најави како "тотално обновување" на врската со староседелците.
Мајкл Зи е фотограф од Лондон кој откако живее со својот партнер, секое сабајле прави појадок за двајцата. Симетрично ист појадок. Затоа што е фотограф и затоа што готви, ова не може да заврши на друго место освен на Инстаграм.
Пред некое време известивме за маратонско читање на сите 18.225 стихови од „Илијадата" со 66 актери во Лондон. Сега Русите го возвраќаат книжевниот удар.
Фризерски салон од Велс на своите муштерии им понуди опција да закажат "тивка столица", столица на која ќе седнат и ќе им биде направена фризура без да мора да муабетат со фризерот. До сега, најдобро решение имаше нашиот финансов во Трендоленд.
На денешен ден пред 24 години, Црвена звезда стана најдобар тим на светот откако во Токио го освои Интерконтиненталниот куп против чилеанскиот Коло Коло. Панчев беше еден од стрелците, а Најдоски командуваше со одбраната.
Бразилскиот голман Агенор од Жоинвил викендов најмногу се нервираше поради дождливото време или уште поточно поради тоа што судијата дозволи да се игра фудбал кога на теренот има бара. Неговиот тим загуби од Гремио со 2:0.
Од денес, 7.12, па до 19 декември во Park Avenue Armory, историска зграда во Њујорк, ќе се изведуваат „Голдбергови варијации" на Бах. На пијано, руско-германскиот музичар Игор Левит. Мастермајндот позади сцената - Марина Абрамовиќ.
На неодамнешната посета на Москва, еден од најголемите боксери на сите времиња имал бројна публика која ги слушала неговите раскажувања за животот. 4.000 барања, 600 акредитации за најмасовниот тренинг за Гинис.
Докторката Татјана Анисимва Бјелорус (65) од Украина била мртва три дена. Починала на операциска маса во болница во Одеса. Нејзиното семејство дошло по телото по 72 часа, но го чекало шок...
Американски професор решил врз основа на расположливите податоци да создаде економски модел на Галаксијата од Ѕвездените војни и да му удри една економска анализа. Не е на арно. Дел од заклучоците ќе ви заличат на нешто наше (*), а дел на нешто од Грција (**).