Зошто Флојд Мејведер толку страствено ги сака парите?

Во татко ми пукаа додека ме држеше во раце

На неодамнешната посета на Москва, еден од најголемите боксери на сите времиња имал бројна публика која ги слушала неговите раскажувања за животот. 4.000 барања, 600 акредитации за најмасовниот тренинг за Гинис.

Присутните новинари веднаш забележале дека Флојд е задоволен откако широко насмеан поминал покрај публиката. Светло розев костум и бордо кошула под неа, а околу вратот златни украси. На левата рака часовник со блескав накит.
 
Во близина биле неговите пријатели од The Money тимот кој носеле облека со симболите на пари, личниот бренд на Мејведер. Со пријателите од тимот, Флојд патува насекаде во светот во приватниот авион. Минатиот четврток, Флојд Мејведер допатувал во Москва со намера да влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек кој одржал најмасовно посетен тренинг во историјата.
„Четврти пат сум во Москва и секој пат е сè подобро и подобро. Се надевам дека еден ден ќе купам куќа овде“, љубезно изјавил Мејведер, кој нема да добие руско државјанство како Рој Џонс Јр од Путин, затоа што не сакал да ги меша политиката и спортот. Би можел на пример да отвори своја бокс академија или да инвестира во неколку компании, затоа што Флојд никогаш не ја пропуштал приликата да заработи.

Мејведер бил фасциниран од природните ресурси на Русија за кои вели дека имаат голем потенцијал и дека е готов да инвестира. Таквата вест ја пренел главниот акционер во компанијата руски шуми и добар пријател на Американецот, Тимофеи Кургин.
 
Првото прашање нормално, било за  тоа што Флојд никогаш не ја крие страста кон парите и кичот. Последната снимка што ја објави на Инстаграм беше со разголени девојки кои тверкаат врз кои Мејведер фрла долари.
„Во САД имаме една поговорка: Не ме прават парите мене, јас ги правам парите. Имав многу проблематично минато. Седум луѓе сме живееле во една соба, без топла вода, без струја. Мајка ми користеше дрога. Кога бев дете и татко ми ме држеше во раце, пукаа во него. Пукаше братот на мајка ми. Отсекогаш сакав да заработам пари и да создадам убав амбиент во семејството. Невозможното го направив возможно. Се повлеков од боксот, бидејќи моето здравје е поважно од парите", раскажа Мејведер во Москва за своето несреќно детство.

Колку автомобили имате во својата колекција?
 "Навистина не знам колку автомобили имам. Можеби 30. Го имам најскапиот автомобил на светот (4 милиони и 800 илјади долари). Скапи играчки се тоа", одговара светскиот боксерски шампион.

„Мислевме што да му подариме на Флојд и на крај се одлучивме за руски автомобил", го изненадил Флојд, другар му Тимоти.

Лада Деветка?

„Да. Да не се изненадите ако видите Лада во Лас Вегас и да знаете дека тоа е Флојд“, додава Тимоти.

Потоа микрофонот го зел рускиот боксер Адлан Абдурашидов кој ќе боксува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а потоа планира да оди меѓу професионалците. Побара совет за иднина од Флојд.

„Ви честитам на Олимпиското учество. Мене ме излажаа на Олимпијадата 1996. година кога ми го зедоа златото. Но мило ми е што поради судиската одлука добив бронза, затоа што во почетокот беше страшно, болно и непријатно, но да не беше таа епизода немаше да ги достигнам денешните висини. Штом се случи тоа, ветив сам на себе дека никогаш нема да загубам. И тоа се случи. Најважно е напорно да работите, да останете фокусиран и позитивен и да не заборавите дека само небото е граница. Немој да трчаш по пари по секоја цена", го советувал Флојд Мејведер рускиот боксер кога цела сала се насмеала за парите. - Научи занает, а парите сами ќе дојдат, продолжил Американецот.

Флојд има толку пари што можел да си дозволи минатиот викенд да стави 4.800 долари во обложувалница на мечот Кличко - Фјури. Мејведер се кладел на новиот шампион.

„Само што влегов во канцеларија го видов коефицентот на Фјури. Во торбата имав пари и решив да ги ставам по што добив 22.000 долари. Не се малку".

Вашата борба со Пакијао се смета за најдосадна борба за титулата во историјата на боксот.

„То не беше досадна борба, туку вечер за опуштање. За 36 минути направив 300 милиони долари. Не толку важно колку јас победив. Пакијао ја направи досадна. Не знам што правеше, јас мислев на парите“.

Кои три борби ви биле најтешки во кариерата?

„Сите борби беа генерално лесни. Имам неколку модринки и гребнатини и тоа е се. Ако тоа е тешка борба, тогаш тоа се против Алварез, Кото, Пакјао, Маркес - многу талентирани боксери".

Дали би се вратиле за јубилејната 50-та победа?

„Не. Мојата работа е како полициска, еден истрел и цела кариера е готова. Многу сум стар за враќање.“

4 декември 2015 - 16:19