Дефиниција за советските лидери од 20-от век

Метафората за владеењето на овие тројца го дава професор по историја. За почеток замислете воз.

Русија е воз на шини. Меѓутоа возот одеднаш застанува. Не мрднува што и да направиш.

Ленин би ги повикал сите луѓе што се внатре да застанат зад возот, и потоа од сите би побарал да го турнат во надеж дека ќе тргне. Не мрда.

Сталин би го испразнил возот, и би ги викнал машиновозачот и кондуктерот кај него. Потоа би ги егзекутирал и двајцата заради велепредавство и работење контра режимот.

Брежнев би останал во возот и би ги затворил сите завеси на возот. Тој потоа би побарал сите патнеци да се качат на своето седиште и да почнат да скокаат, за од надвор да изгледа како возот да се движи.

via

10 декември 2015 - 10:50