Во вториот ден од третото коло во Бизнис лигата најубедлива беше екипата на Гранит со 8 голови против СЦ Борис Трајковски, а победа славеше и UNIQA против ONE.
Интересна вест од баварскиот гигант. Почесниот претседател на клубот Ули Хенес таинствено купува разни работи од официјалните клупски продавници и од некои не бил задоволен.
Додека службите успеат да ја лоцираат и изведат "Софка за двајца" пред лицето на редакцијата, ние ќе забуричкаме по Базфид во потрагата по рецепти што треба периодов да ја покријат потребата од - што ново не сме јаделе.
Само неколку дена по судискиот гаф во Серија А кој го обиколи светот и доведе некои федерации да забрзаат со воведување на полуавтоматски офсајд, сериозна грешка падна и во Лига на шампиони.
На дебито на новиот тренер Томас Тухел, Баерн со 4-1 убедливо ја згроми Борусија Дортмунд и е прв во Бундеслига. Тоа беше најава за нов амбиент кај Баварците но синоќа во Купот Тухел доживеа прав шок и тоа од најпријатното изненадување сезонава, тимот на Фрајбург.
"Не ти треба мислењето на луѓето во врска со факти. Тоа ти е како да правиш анкета 'Кој број е поголем 5 или 15?' или 'Дали бувовите постојат?' или 'Дали има капи?' Дебатата за климатски промени не треба да биде дали постои или не, туку што можеме да направиме во врска со тоа." П.С. Истиот овој формат важи и за секоја дебата што ви изгледа сулуда, како вакцинирање и слично.
Арсенал го преброди тешкото гостување кај Вулверхемптон, славеше со 0:1 и освои три златни бода во трката за Лига на шампиони. Ама една јака судиска процена и чудна епизода се зборува на големо.
Франција е задоволна што има шампиони на легендарниот Ролан Гарос - Никола Мау и Пјер Ербер им донесоа трофеј но победата му припаѓа на синот на Мау кој истрча на теренот.
Во рамките на третото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија, најдобар стрелец беше Виктор Петровски (МЕПСО) со 4 гола, а екипа на колото е Адмирал.
Кога Лејди Гага последен пат објави поп/диско албум, Тејлор Свифт уште беше кантри пејачка а Били Ејлиш немаше запишано средно. А кога сите мислат дека ќе направи цик, таа прави цак. Кралицата на медиумското внимание се враќа на стариот терен за да покаже дека и натаму е алфа женка. Со спот снимен на Ајфон.
Со голот во 36’ минута од мечот, Александар Лаказет го доведе Арсенал во водство и го откажа Наполи од намерата да проба да се врати во игра. Интересен детал од мечот е што бекот на „топџиите“, Начо Монреал во еден момент излегол од терен и го немало цели 5 минути назад. Отишол до тоалет.
Милан убедливо со 4-0 го декласираше Лацио во првиот меч од четвртфиналето на италијанската Копа и практично скоро да обезбеди пласман во полуфиналето.
Успешен викенд за поголемиот дел од типстерите кои најчесто ги чекаа Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Интер и Арсенал, а најмногу пцуење имаше за ПСЖ и Милан.
По голем број дерби и возбудливи натпревари со многу голови, утре со почеток од 21:00 часот е закажана финалната пресметка на најпознатиот фудбалски турнир во Скопје.
Искусниот дефанзивец на Мајнц кој го извести селекторот Бошко Ѓуровски дека поради возраста дефинитивно се повлекува од репрезентацијата, оваа сезона е третиот најстандарден играч во Бундес лигата во конкуренција на ветерани.