Администраторите на профилите на Баерн Минхен по мечот против Бешикташ во Лигата на шампионите во март направија анкета кој бил играч на мечот: Тиаго, Вагнер, Милер или мачката. Дури 81% гласале за мачката.
Англискиот судија Мајкл Оливер кој досуди контроверзен пенал на дуелот Реал - Јуветнус, претходно ја судеше средбата во Истанбул во четвртфиналето од Лига на шампиони кога Баерн победи 1-3 но натпреварот помина во сенка на една залутана мачка која направи шоу.
Од 4 до 7 јуни Етичката и Дисциплинската Комисија на УЕФА отворила 13 дисциплински постапки меѓу кои и тие за Бешикташ кој ќе мора да плати 34.000 евра поради мачорот кој се прошета по терен.
Меѓу другите казнети се и Ливерпул кој мора да плати вкупно 29.000 евра откако неговите навивачи палеле факели на средбите против Манчестер Сити и Рома.
Баерн ќе мора да го одврзе кесето и да одвои 25.000 евра поради влегување на теренот на неовластени лица и поради „спорен банер“ во полуфиналето против Реал Мадрид. Атлетико е казнет со 18.000 евра поради тоа што скалите на трибините биле блокирани од гледачи на дуелот со Арсенал во Лига Европа.