Гостилница кај Џек против Андринико во битка за трофејот во Карпош

По голем број дерби и возбудливи натпревари со многу голови, утре со почеток од 21:00 часот е закажана финалната пресметка на најпознатиот фудбалски турнир во Скопје.

Меморијалниот турнир „Оливер Соколов - Сокол“ веќе 17 години традицонално се одржува во чест на еден од основачите и водачите на навивачката група Комити, кој во 1994-та година загина во сообраќајна несреќа.

На ред е финалето на кое ќе се судрат екипите на Гостилница кај Џек и Андринико во недела со почеток од 21:00 часот на игралиштето во основното училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“.

На него му претходат уште два натпревари. Едниот за трето место на кој се среќаваат Револушн Дивелопмнет и Codeart Fox, а потоа ревијалниот јуниорски натпревар меѓу Фк Вардар и Фк Работнички.

28 септември 2019 - 18:48