Студен туш за Баерн дома од Фрајбург, Тухел испадна од Купот

На дебито на новиот тренер Томас Тухел, Баерн со 4-1 убедливо ја згроми Борусија Дортмунд и е прв во Бундеслига. Тоа беше најава за нов амбиент кај Баварците но синоќа во Купот Тухел доживеа прав шок и тоа од најпријатното изненадување сезонава, тимот на Фрајбург.

Томас Тухел ќе има многу работа во германскиот шампион. И покрај тоа што го отпуштија досегашниот тренер Јулиан Нагелсман под изговор дека во тимот владее лоша атмосфера, работите и натаму не цветаат на „Алијанц Арена“.

Имено, новинарот на германската телевизија Спорт1, Кери Хау открил дека после мечот во соблекувалната на Баерн Минхен било не баш идеално. „Екипата на Баерн после дебаклот се заклучи во соблекувална, во која беше и директорот Оливер Кан. Сите беа надвор од себе. Се слушна како Кимих пцуе“, рекол новинарот.

Во четвртфиналето на германскиот Покал, Баерн поведе дома 1-0 преку Упамекано во 19’ минута:

Израмни Николас Хофлер со страшен гол во 27-ма минута:

Шокот следеше во длабоко судиско продолжение, кога Лукас Холер во 90+5’ минута од пенал донесе историска победа за гостите:

5 април 2023 - 08:37