Фармацевтите во второто полувреме изедоа Dominos пица

Во вториот ден од третото коло во Бизнис лигата најубедлива беше екипата на Гранит со 8 голови против СЦ Борис Трајковски, а победа славеше и UNIQA против ONE.

Фармацевтите во второто полувреме изедоа Dominos пица
Алкалоид 6-3 (1-2) Dominos Pizza
Алкалоид: Оливер Христовски 12’, 24’, 30’, Милан Пеловски 27’, Стефан Димовски 37’, 39’
Dominos Pizza: Оливер Младеновски 5’, 19’, 32’

Во текот на целото прво полувреме се играше доста израмнет натпревар во кој и двете екипи пружаа идентичен отпор, но екипата на Dominos Pizza го искористи играчот плус од добиениот црвен картон кај Алкалоид и со гол предност замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Алкалоид ја презеде иницијативата и го сврте резултатот во своја полза. Во прилог им беше исклучувањето на 2 минути кај Dominos Pizza, па стекнаа сериозна предност од 4-2. Dominos Pizza со гол се обиде да се врати во натпреварот, но не успеа во тоа, па го загуби овој натпревар со 6-3.

Гранит го сруши СЦ Борис Трајковски
Гранит 8-3 (3-0) СЦ Борис Трајковски
Гранит:
Пепи Мицев 11’, Дарко Стојановски 14’, 27’, 39’, Стеван Митревски 19’, 30’, 32’, Жарко Стошиќ 28’
СЦ Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 29’, Влахо Костов 31’, Јован Димовски 40’

Екипата на Гранит имаше апсолутна доминација во текот на целиот натпревар. Ги искористи сите слабости на СЦ Борис Трајковски, што му овозможи доста лесно да доаѓа до гол позиција која често ја искористуваше. Кај СЦ Борис Трајковски беше воочлива летаргичност во играта, пред се во делот на одбраната со што не можеше да му парира на разиграниот Гранит, па го загубија овој натпревар со 8-3. 

UNIQA ја осигура победата во дуелот со ONE
ONE 3-6 (1-2) UNIQA
ONE: Дарко Таневски 13’, 33’, Јане Плавевски 33’
UNIQA: Љуљзим Каштањева 9’, 30’, 31’, Ибиш Мисини 12’, 23’, Арбен Нухиу 26’ 

Во првото полувреме се играше доста отворен фудбал со многу шанси за гол и на двете страни. UNIQA го отвори натпреварот во 9’ со гол на Љуљзим Каштањева, по кој веднаш следуваше и вториот за водство од 2-0, но ONE не дозволи UNIQA резултатски да се одлепи, па го намали резултатот на 1-2, со кој се отиде на полувремето. И во второто полувреме UNIQA успеа во целост да ја оддржи предноста стекната во првото полувреме, во неколку наврати екипата на ONE се обиде да се врати во натпреварот, но UNIQA не го дозволи тоа и го доби овој натпревар со 3-6.

22 октомври 2014 - 11:07