Везењето со крилца од бубачки – познато и како вез со елитри – станало познато во Индија во 18 век, а потоа било преземено од Британците. Во Викторијанска Англија, како и во Америка и Австралија, елитните дами носеле памучни фустани извезени со илјадници сјајни елитри што блескале како смарагди – симбол на богатство, моќ и космополитизам.
Најголемата онлајн енциклопедија во светот прераснува во бастион на „будноста“. Ова го вели никој друг, туку нејзиниот коосновач Лари Сангер, кој ја критикува Википедија за либерална пристрасност, наместо да ја штити неутралноста и да им нуди енциклопедиски факти на корисниците. Бара укинување на „црните листи“ за извори и темелна ревизија на содржината.
Западна Европа има сериозен проблем со сексуалното насилство и силувањата од мигрантите со кои е преплавена. Но, ако некој паднал од Марс па го погледне спотот против сексуално насилство кој го финансираше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, ќе помисли дека главен хорор во јавниот превоз го прават бели банкари кои малтретираат жени од етнички малцинства.
Како вчера да беше, од школо нè однесоа на посета на фабрика за пецива и колачи. Никогаш нема да ги заборавам звуците кои оддекнуваа низ големите хали, каљачите за врз чевли што ни ги дадоа на влезот и тетките со коси покриени со нешто што личеше на капа за туширање. И најубавото - најтазе колачите кои пред очи беа преливани со чоколадо и мирисаа божествено. Дали и сега впечатокот би бил ист?
Денес звучи нормално пешакот да мора да премине улица само на означен премин, а секое друго движење да се смета за прекршок. А, ако ви кажеме дека ова е релативно ново правило? Пред само еден век, улиците биле заеднички простор - се мешале пешаци, деца, коњски коли, продавачи и првите автомобили.
Селото Голај во северна Албанија е богато по вили, а сиромашно по луѓе. Од околу 4.000 жители, во Британија заминале речиси 60% од младите. Се враќаат секое лето за да се погрижат за старите, да се пофалат со лимузини или да градат вили. Многумина така ги перат фунтите од криминалот. Тоа ги прави горди нивните семејства, кои не прашуваат од каде им се парите.
Оваа година повторно беа доделени наградите Иг Нобел – сатирични, но вистински научни признанија за истражувања што најпрво предизвикуваат смеа, а потоа размислување.
Независна комисија на Обединетите нации прв пат заклучи дека Израел спроведува геноцид врз Палестинците во Газа, по повик од државните лидери. Како докази, во обемниот извештај на 72 страници се наведени бомбардирања цивили, снајперски истрели во деца, атентати, колективно изгладнување, силувања... Геноцидот е поттикнат од израелското раководство, на чело со Нетанјаху.
Во тајна мисија авторизирана од Доналд Трамп, група специјалци требало незабележано да внесат уред кој би ги пресретнувал комунициите на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун. Mисијата пропаднала но вистински жртви се невини рибари кои завршиле на дното на морето со пробушени бели дробови.
Еднаш поранешен македонски репрезентативец, одличен фудбалер, раскажал анегдота дека кога отишол на проба во белградски Партизан, на тренинг се појавил со црвени шорцеви. Го вратиле моментално а тренерот му рекол: „Јас дома патлиџан не јадам зошто е црвен, ти со црвени шорцеви ми доаѓаш“. Нешто слично го снашло и некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Бока.
До сега сме добивале предлози и сугестии за осврти за филмови, но прв пат се случи да добиеме (и Букбокс и Офф кафе) нешто што личи на домашна работа - наслов, линк и конкретни (дури 9) прашања. Првиот импулс беше домашното да се бојкотира, како такво. Ама љубопитноста победи.
Во 45 училишта во Англија нема ниту едно британско дете. Во 454 училишта бели британски ученици има помалку од два процента. А во малцинство се во едно од четири училишта. Така велат податоците од нивното министерство за образование. Сега оние насекираните од ваквиот социјален инженеринг се прашуваат како деца ќе ја научат британската култура кога бели соученици се исклучок во нивната средина? Ех, како....
Сатиричен филм за преминот на Бутан од кралство во парламентарна демократија, процес започнат во 2006 - некои сцени во кои „јатаци“ на западните организации во бели џипови се обидуваат да ги „цивилизираат“ локалците ќе ви се видат необично познати.
Миленијалците треба да се подготват за збогување со најстрашната порака која можеа да ја добијат додека работат на компјутер. Кога Виндоусот ќе се скрши и на сјајно син екран ќе добијат порака дека компјутерот им е шлогиран и треба да се рестартира (ако се скрши пред да зачуваш нешто важно на што долго си работел, може и бокс да попие невиниот екран). Не дека Микрософт планира во иднина да не се крши, туку тоа ќе биде обележано со пригодна црнина.
Кошаркарите на Партизан се нови шампиони во регионалната АБА лига за сезоната 2024/2025. Црно-белите во финалната серија беа подобри од подгоричка Будуќност со 3-1 во победи. Синоќа во Белград ставија печат со триумф 90:75 пред повеќе од 20.000 свои навивачи кои направија френетична атмосфера.
На 82 години почина Слај Стон, командантот на шарената бригада „Слај енд фемили стон“. Ја зачини и ја направи сочна музиката од неговото време и беше енергичен шоумен. Многумина сакаа да звучат како него и како нив. Почина по долго мачење со ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест), ем се откажа од цигари. Од истата болештија почина и Дејвид Линч.
Образовна невладина организација од Британија бара од наставничкиот кадар кој го стипендираат да ги отфрлат традиционалните „евроцентрични“ наративи во корист на „деколонизиран“ пристап кон историјата. Според нив, учениците и студентите треба да учат дека Викинзите не биле баш сите бели како што ги замислуваме а дека некои од нив биле муслимани.
Големи бели топки во излози чекаат некој да им се приближи и да ги погледне за да му ги скенираат очите и да верификуваат дека е човек. Новата компанија Tools for Humanity на Сем Алтман постави вакви уреди во шест градови низ САД и има амбициозна цел да ја прошири мрежата во дигитална „матична книга“ на сите луѓе на планетата - за да се разликуваат од ботови.
Шпанскиот клуб Бетис го играше своето прво европско финале, во Лига на Конференции против Челси на стадионот во Вроцлав во Полска. Таму отпатувале 12-13.000 зелено-бели навивачи а дома на стадионот „Бенито Виљамарин“ преку 59.000 навивачи го гледале дуелот на 4 големи видео бима, од 4-те трибини. На голот во 9-та минута во градот како да имало земјотрес.
Ги занимало дали различните демографски карактеристики на луѓето имаат влијание врз нивната перцепција што е привлечно а што помалку привлечно кај различни модели на женски гради. Разултат: без разлика дали сме мажи или жени, белци или црнци, со ваква или онаква сексуална ориентација, добра цицка си е добра цицка.