Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мицкоски: Институциите се должни да обезбедат правда за трагедијата во Кочани

14 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град, но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање“, порача премиерот Христијан Мицкоски на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.
  • „Семејствата имаат право да знаат како се случила трагедијата. А институциите имаат должност да обезбедат правда. Токму затоа, веднаш по трагедијата започна процес на институционално утврдување на фактите и на одговорноста. Овој процес мора да биде темелен, професионален и ослободен од било каков притисок. Во прашање се човечки животи, а во такви ситуации институциите мора да работат со највисоко ниво на сериозност и интегритет. Правдата не е прашање на политика. Таа е прашање на доверба во институциите, додаде Мицкоски.
  • Министерот за здравство Азир Алиу им изрази благодарност до повеќе од 400 здравствени работници од јавниот и приватниот сектор, кои со исклучителна пожртвуваност, концентрација и професионализам извршиле натчовечки напори да спасат животи“.
  • Алиу изрази благодарност и до медицинските тимови во европските здравствени центри: „Меѓународната солидарност потврди дека стручноста и хуманоста немаат граници кога се спасуваат човечки животи“.
  • Во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година по полноќ загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.
  • Во нивна чест, во Паркот на револуцијата во Кочани задутре ќе бидат поставени симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, и муралот „Ѕид на сеќавање“.

 

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ако ви пречи мљацкање

Гркот Зорба и пеколот наречен Егејска Македонија

Боб Дилан версус Звонко Бoгдан

Шибицарите математиката ја извртеа, не па идентитетот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy