Се чини дека најновата варијантна на коронавирусот од која стрепи светот повеќе удира на дишните патишта отколку на белите дробови и можеби затоа не предизвикува жестоки форми на болеста. Но, ако оригиналниот вирус и нашите клетки се ракуваа, со овој се држат како вљубен пар.
Прво кандидатот за претседател на Франција дур се пробиваше кон бината беше зграбен за врат од човек од топлата, за потоа сред говор, во задните редови да избие масовна тепачка.
Тоа дека една лебарка или винска мушичка би можела да има чувства, дури и за басна звучи претерано. Но како што се трупаат докази за истото, изгледа ќе треба да се преиспита нашиот емоционално потценувачки став кон овие суштества.
Во 11. коло од грчката Суперлига се судрија големите градски ривали од Солун, ПАОК и Арис. Гостинските фудбалери одиграа подобар фудбал и во 42’ минута од мечот поведоа со 0-1 со голот на Даниел Мансини. Ама следеше позната епизода од грчките стадиони.
Роби (Здраво Македонијо, Канал 5) не само што има уво, туку и око да ја „сослуша“Македонија. Серија негови црно-бели фотографии од спокојот наречен Дојран.
Дел од екипажот од американскиот воен брод УСС Маунт Витнеј, закотвен во Истанбул, додека е на прошетка низ градот е пресретнат и нападнат од припадници на Младата унија на Турција (ТГБ), како одмазда за приведување на турски специјалци од пред речиси 20 години.
Приказната за скопскиот и македонски бренд е раскажана благодарение на тв Арена, јер кај нашиве телевизии се нема простор за една ваква спортска содржина, туку за хронично гњавење со политички дебати. Имаме одлично историско фудбалско четиво, богато со славни соговорници.
Прво беа најмалку илјада што од Нетфликс ќе протестираа против шоуто на Дејв Шапел, барајќи да биде симнато од видеотеката на платформата заради навреда на транс-сексуалците. Потоа таа илјадарка спадна на стотина, па на дузина, за на крај целиот настан да се сведе на „има нас Чворовиќа“ како што на својот брат Илија му викаше Ѓуро Чворовиќ во Балкански Шпион.
Нова студија спроведена од грчка невладина организација истражила над илјада наслови објавени во Грција помеѓу 2010 и 2020 година за деца од 4-12 години. Заклучила дека тие се полни со стереотипи и неинклузивност. Како и секогаш - какво општество, такви книги за деца.
Нова книга на Ребека Солнит (излезена вчера, 19.10), под наслов „Ружите на Орвел“ почнува од неговата градина во селото Волингтон, каде таа при истражувањето наишла на расцветани рози кои тој ги посадил пред 80 години. Од тука следи приказна за врската на хобито на Орвел со неговите политички ставови, но и за значењето на ружите во историјата и книжевноста.
Во денешнава хиперпродукција од серии, ретко може да се начека нешто што е добро цело време, сите сезони, и што нема да затупува со секоја наредна. А You беше добра и уникатна во прва сезона, не се расипа во втора и успеа да се надмине себеси во трета.
Насловот на филмот e напишан на латиница бидејќи е акроним, и на англиски означува „дете на глув родител“ (Child of Deaf Adult). Во случајов последниот збор треба да е во множина, бидејќи тинејџерката Руби Роси е ќерка не на еден, туку на двајца глуви родители. А исто така глув е нејзиниот брат. Да се биде единствениот аудио канал на семејството со светот за неа не е лесно.
Партијата на домородното, маорско население на Нов Зеланд неодамна покрена петиција за промена на името на државата, како симбол на обединување. Но која е етимологијата на називот кој тие го бараат?