Во споредба со претходната делта варијанта, омикрон се размножува 70 пати побрзо во ткивата што ги обложуваат дишните патишта, што може да го олесни ширењето од човек на човек. Но, во ткивата на самите бели дробови, омикрон се реплицира 10 пати побавно од оригиналната верзија на коронавирусот, што пак може да доведува до помалку тешки форми на болеста.
Така вели студија на Универзитетот во Хонг Конг која чека да биде рецензирана чиј автор сепак предупредува дека еден вирус може да направи голема штета дури и ако е помалку патоген.
Структурен модел за тоа како новата варијанта се прицврстува на клетките и антителата, фрла светлина врз нејзиното однесување и ќе помогне во дизајнирањето на неутрализирачки антитела. Користејќи компјутерски модели на протеинот на шилецот на омикрон, истражувачите ги анализирале молекуларните интеракции што се случуваат кога шилецот ќе се залепи за протеинот на површината на клетката наречен ACE2, што е своевидна порта за вирусот во клетката.
Описно, ако оригиналниот вирус се ракувал со ACE2, стисокот на омикрон „повеќе изгледа како пар кој се држи за раце со испреплетени прсти“, вели Џозеф Лубин од Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси.