Со желба да ја искорени родовата хиерархија во шпиловите карти, 23-годишната Холанѓанка Инди Мелинк креира нов шпил, со Златна, Сребрена и Бронзена карта на местото на Крал, Дама и Џандар.
Инди е дипломец на форензичка психологија и има забележано уште еден престап - на картите има само бели благородници и дека не вклучуваат луѓе во боја. И без разлика што добива негативни коментари, вели дека врие од нарачки од секаде низ светот.
Планира и да почнува нови проекти со кои ќе се бори со нееднаквоста со игри, работилници и соработки со добротворни организации.
Како ли би се снашла со тоа што кај нас кралот е „поп“ и на кој му се игра „Бронза збира“?