ФК Вардар се раѓа во 1947-ма година, добро позната историја кога бил создаден со фузија на Победа и Македонија, но темелите се удрени многу порано, уште во 1912-та година кога се родило првото спортско друштво Вардар.
Првиот состав на тимот на Вардар, 1947/48
Тогаш бил формиран на маалска основа, кога уште немало правила за игра, бидејќи не постоел ниту фудбалски сојуз. Играле со сини дресови и бели гаќици.
ФК Вардар, 1953 година
Во средина на 50-те години, Вардар почнал да развива една убава традиција, а тоа се меѓународните турнири. Ги стартувале во Скандинавија, а Ивко раскажува дека гостувале дури и до САД и Бразил.
На турнеја во Тунис во јули 1961 година
Според сведоштвата на тренерот Ванчо Трпевски, Вардар била прва комунистичка екипа која гостувала во Шпанија во времето на диктаторот Франко, а тој гарантирал дека ниту еден играч нема да побегне и да остане таму.
Посета на фабриката за автомобили „Застава“ во Крагуевац, 1969 година
Во 1961-ва година до триумфалниот поход во Купот на Маршал Тито стигнале со помош на големите тренерски имиња Антал Лика и Иљеш Шпиц. Покрај странски легендарни стратези го воделе и врвни домашни како поранешниот напаѓач Кирил Симоновски Џина.
Методија Спасовски, Петар Шулинчевски и Кирил Дојчиновски
Фудбалерите на Вардар беа миленици на своето време. Да се игра фудбал и да се носи дресот на Вардар, тоа беше нешто како да те одделува од другите, вели Таско.
Никола Штериев, Вукашин Вишњевац и Кочо Димитровски
Во Вардар играа професори, доктори, адвокати. Над 20 доктори на науки биле играчи на Вардар. Тоа е еден посебен феномен во историјата. Тоа беа сиромашни луѓе. Знам дека кога патувавме тие се затвораа во купе да учат. Животната егзистенција не ја гледаа во фудбалот, туку во тоа да завршат факултет за да работат, вели легендарниот Панговски.
На средба кај Претседателот на Градското Собрание на Скопје, Југослав Тодоровски, по повод освојувањето на шампионската титула во СФРЈ во сезоната 1986/87.
Зборуваат Методија Спасовски, Трајко Стаматовски, Мирко Илијевски, Ванчо Трпевски, Киро Дојчиновски, Драган Мутибариќ, Кочо Димитровски, Вукашин Вишњевац, Ѓоре Јовановски, Ванчо Балевски, Љупчо Марковски, Васил Рингов, Драги Сетинов, Вујадин Станојковиќ, Драган Томовски, Ѓоќо Хаџиевски, Влатко Гроздановски, Зоран Стратев, Александар Васовски како и новинарските доајени Ивко Панговски и Атанас Костовски.
Слаба екипа а? Наратор Дарко Панчев.