- Најтрофејниот фудбалски клуб во земјава, кој сезонава за првпат во историјата игра во втора лига, од вторникот има нов сопственик.
- Продавач на сите акции е РК „Вардар“, кој пак е сопственост на бизнисменот Сергеј Самсоненко.
- Според порталот „Фактор“, досегашниот сопственик преку Македонска берза ги продал сите 100 акции на клубот.
- За сега не е откриено името на новиот сопственик кој ги купил сите акции за 32.500 евра. Со ова новата управа ќе наследи и долг од околу три милиони евра.
- Официјално името на новиот владетел на Вардар ќе се дознае на почетокот на новата година кога клубот ќе треба да испрати финансиски извештај за работењето во 2021-ва година.
- Светскиот рекет број 1 Јаник Синер денес преку видео порака на своите налози објави дека ја завршува сезоната предвреме. Причина за тоа е желбата да се опорави во целост од повредите.
- „Јас, заедно со лекарите решивме дека ми е потребен третман на коленото што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Последните неколку години особено завршницата во Торино ми дадоа толку многу убави чувства и емоции кои годинава ќе бидат поинакви.
- Но во моментов размислувам и за мојата долгорочна кариера. Ќе направам се што е можно да се вратам 100% подготовен. Ви благодарам однапред за вашата поддршка и се надевам дека ќе ве видам многу, многу скоро пак на теренот“, рече Синер.
- Италијанецот сезонава доминираше и освои дури пет Мастерси во низа: Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим и Мадрид. Освои и Гренд слем титула на Вимблдон, а поради повреда изгуби од Серундоло на Ролан Гарос во Париз.
- Беира Салифоска, позната како Беки, уште еднаш покажа дека со упорност, поддршка и силна волја можат да се поместуваат личните граници. Заедно со својот асистент, таа успешно ги истрча сите 21 километар на Wizz Air Скопскиот маратон.
- Беира е лице со целосно оштетен вид од раѓање, а нејзиниот настап на полумаратонската дистанца претставува голем личен подвиг. Пред неколку години таа веќе беше дел од Скопскиот маратон, кога успешно ја заврши трката на 5 километри. Овојпат предизвикот беше повеќе од четирипати подолг.
- „21 километар храброст, сила и инспирација! „Горди сме на тебе, Беира! Ти си вистинска инспирација“, објавија од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.