Еурофарм Пелистер ја сопре хегемонијата на Вардар 1961 и славеше во Суперкупот на Македонија со убедливи 31-22. Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје играше само еден тим. Битолскиот состав ја прекина серијата од три трофеи на „црвено-црните“ во Суперкупот.
Шпанскиот ракометен ас Едуардо Гурбиндо чија сопруга Елена е Македонка, од Олимписките Игри во Токио упати поздрав со фотографија од македонското знаме.
По долгата и неизвесна сага, ФК Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која за прв пат во историјата ќе игра во втора лига. За Комити тоа ништо не менува во однос на поддршката. Дојдоа и одржаа говор пред фудбалерите.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Да разбиеме малку од фудбал. На Јутјуб деновиве се појави видео во црно бела боја, но со одличен квалитет од ракометен натпревар одигран во време на Тито. Клубовите ни се многу добро познати, ама актерите не. Веројатно ќе се препознаат.
„Поставивме стандарди недостижни за нашата сцена, и сето тоа во време на пандемија, ограничувања, забрани. Пронајдовме начини да бидеме живи, иницијативни, енергични, иновативни, креативни, да ја развиваме колективната свест“.
На две кола до крајот на сезоната, ФК Вардар има само теоретски шанси дека ќе се спаси. Но Комити, кои со месеци бијат битки, не се загрижени за опстанокот во лигата, туку упорно бараат одговори за опстанокот на клубот, кој се чини дека никој не сака да го обезбеди.
Се работи за мечот РК Вардар - Караш Северин од Романија одигран на 26 март 2011-та кој Црвено-црните го добија со 28:22. Шоуто на Комити стартува на улица со кортео и пиротехника, а продолжува со пеколно темпо во ракометниот храм. Многу јако навивачко издание.
За опстанокот на ФК Вардар очигледно е дека се борат само Комити и сè друго за сега излезе дека е фарса. Самсоненко се перчеше дека го направил најмодерниот тренинг центар на Балканот, а сега не им дава да тренираат. Каков апсурд.
Ракометарите на Вардар неславно ја завршија групната фаза во Лига на шампиони. Вечерва во Скопје Мешков Брест беше подобар: 32:36 и тоа значи дека црвено-црните во следна фаза ќе ги чека пеколен противник.
Навивачката подгрупа на Комити под името „Екипа ПИВО - ФКВ“ има добра поента во врска со забраната за фудбал со навивачи. Тие бараат да се отвори барем 10% од капацитетот на стадионот.
Вардарци го совладаа Елверум со 35:32, а голот за издвојување е првиот во режија на Калараш - Чупиќ - Георгиевски. Првиов се фрли по топка како да бркаат гол за победа, а мечот само што почна.
Многу важна победа на Вардар кој сега може да ги избегне Веспрем или Барселона во нокаут фаза, но само доколку ЕХФ ги додели службено бодовите на контото на Црвено црните од дуелите со ПСЖ и Флензбург.
Комити успеаа и на некој начин испишаа историја за македонскиот фудбал, бидејќи никој никогаш претходно во нашата лига не продал преку 30.000 билети, па уште и за меч кој не може да се следи од трибини.
Откако најверните навивачи на Вардар успеаа да соберат околу 50.000 евра за спас на клубот преку акцијата со продажба на влезници, вечерва симболично со почеток во 19:47 часот направија фантастична бакљада, со цел да ги охрабрат младите фудбалери во продолжение од сезоната.
Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во Лига на шампиони, откако вечерва минимално загубија 34-33 на гостувањето кај Пик Сегед во Унгарија.
Комити на својата Фејсбук страна објавија многу јака случка за нивните браќа од Германија за која велат дека заслужува да биде во учебниците. И стварно е така.
Да беше некое друго име до сега ќе беше избришано од сеќавањата, но се работи за Вардар и само поради тоа ќе кажеме дека веруваме, велат од најверната навивачка група на Црвено-црните кои со агресивна кампања до сега на играчите им донесоа околу 25.000 евра.
Македонскиот ракометен првак со пораз ја стартуваше Лигата на шампионите во 2021-ва, вкупно трет сезонава. Бадијала беа 15-те интервенции на Борко и 9-те гола на Дибиров. Вардар сам си пресуди.
Вардар им се врати на победите и ја совлада Војводина со 25:21 во меч од СЕХА лигата. Капитенот Стоилов уште неодморен од Мундијалот во Египет, се истакна со неговата препознатлива шрауба, секогаш атрактивна за око.
Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Ако на мечот во Скопје минатата недела Вардар и играше некаква одбрана, таа вечерва во Полска речиси и да не постоеше. Преодна оценка не добија ниту голманите кои имаа слаба вечер. Кјелце - Вардар 1961 36:29.
Избраниците на Талант Душебаев ја оправдаа фаворитската улога против тимот каде тешко поминуваа изминативе години во Скопје. Европскиот првак дефинитивно не е на шампионското ниво на кое се навикнавме да го гледаме.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.