ФК Вардар го одигра последниот прволигашки меч сезонава и следната за прв во својата историја ќе игра во втора лига.
Комитите имаат право да бидат горди, бидејќи спроведоа акција до сега невидена не само во македонскиот фудбал, туку и во нашиот спорт воопшто, а тоа е помошта од 50.000 евра наменети за плати во клубот.
Истовремени се и револтирани, бидејќи иднината на Вардар и натаму е прашалник, а лути се и на одлуката за враќање на навивачите на трибина со 30% од капацитетот на стадион, која 24 часа подоцна стана неважечка.
Комити најавија дека нема да се откажат, испратија нова порака и снимија видео со парола:
„Прва, Втора, Трета, Општинска – ВАРДАР ЗАСЕКОГАШ“.