Битката за кам бек во прволигашко друштво каде што им е местото, Вардарци ја стартуваа со првиот тренинг и со новите имиња. Горан Симов како тренер под сопственишто на фирмата „Блу скај инвестментс“ на бизнисменот Слободан Крстевски.
Во стручниот штаб останаа Саша Илиќ, Златко Таневски, Никола Глигоров и Филип Ивановски, а од играчите Дејан Блажевски, Филип Петковски, Филип Илиќ...како и младинците. Се очекуваат и засилувања со помош на кои Вардар ќе се бори во експресно време да се врати во елитата.
На Градски се појави и нивната најверна навивачка група Комити кои финансиски им помогнаа додека траеа неизвесните денови за иднината на клубот. Како и секогаш беа мотивирани со песна и говор.
„Никогаш нема да ве оставиме и да бидете во трета или петта лига. Ќе изгинеме со вас до крај. Ќе се издигнеме заедно и пак ќе бидеме шампиони“, рекоа Комити