Во Зоолошка викендов биле 17.000 луѓе, а на стадион не може навивачи

Навивачката подгрупа на Комити под името „Екипа ПИВО - ФКВ“ има добра поента во врска со забраната за фудбал со навивачи. Тие бараат да се отвори барем 10% од капацитетот на стадионот.

Навивачите на Вардар се револтирани што не може да го бодрат својот тим во живо со образложение дека дозволени се протести, групни прошетки во зоолошки и паркови, потоа полни кафани на затворена, а тие немаат право да одат на стадион на отворено.

Нивниот издржан пост на Фејсбук вели вака:

Според информациите на некои медиуми, изминатиов викенд Зоолошката градина во Скопје ја посетиле околу 17.000 посетители. Толку посетители нема на годишно ниво низ стадионите во Македонија, а посебно не на Градски стадион Скопје. Тука се поставува прашањето, дали ова е чиста дискриминација врз навивачите во Македонија!? Очигледно дека е така!

Дозволени се протести, кадешто во никој случај не се запазуваат мерките за заштита; дозволени се преполни кафани во затворен простор кадешто исто така не се запазуваат мерките; дозволено е илјадници посетители дневно во зоолошки градини и паркови; дозволно е групирање за оддавање почит кон некоја личност...

Сепак НЕ Е ДОЗВОЛЕНО следење на еден фудбалски натпревар на Градски стадион, на отворен простор, којшто има капацитет од 35,000 и е повеќе од доволен за Вардаровите навивачи да почитуваат мерки. Доволно е 10% од капацитетот на стадионот да биде отворен за Вардаровите навивачи!

СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ВРЗ НАВИВАЧИТЕ!

ОТВОРЕТЕ ГИ СТАДИОНИТЕ!

Според информациите на некои медиуми, изминатиов викенд Зоолошката градина во Скопје ја посетиле околу 17.000...

Posted by Екипа ПИВО - ФКВ on Monday, March 1, 2021

 

 

1 март 2021 - 16:00