Во тој миг настапува оној момент кога се препознава неправдата и кога природно се раѓа отпорот кон неа. Тие се одлично информирани за нашата болка и се застанати во борбата за Македонија заедно со нас, ја препознаваат симболиката и го препознаваат моментот кога нашето прашање треба да биде отворено на меѓународна сцена. Знамето не го тргаат...
Делегатот на УЕФА инсистира и на трибината на UGE влегуваат голем број полициски сили за да ја спроведат наредбата. И покрај бруталноста на Полицијата (користење на гас и палки), каде има многумина лесно повредени навивачи и полицајци, нападите се одбиени, знамето е сочувано и не е дозволена негова конфискација.
По натпреварот е отворена опширна истрага на Полицијата каде се покренати обвиненија кон 63 навивачи за нарушување на јавен ред и мир, и 25 полицајци за прекумерна употреба на сила. Но Македонското национално знаме е одбрането! Германци го одбранија и покрај изложеноста на брутална сила!
Во знак на солидарност, во следното коло на сите навивачки трибини ширум Германија во Бундес лигата се појавуваат Македонски национални знамиња, се појавуваат дури и кај нивните најголеми ривали, навивачите на Борусија Дортмунд. Исто така, во знак на солидарност со своите навивачи, великанот на Германскиот и Европскиот фудбал - Шалке 04 привремено и симболично го менува своето клубско лого со мотиви од Македонското национално знаме во позадина.
Сега сме повторно соочени со нови предизвици, и повторно не сме сами. Има уште многу да се раскажува колку е искрено нашето Братство кое е поцврсто и од челик. Кога тие на 2000km од нас се грижат за она што значи Вардар и Македонија, кога се организираат да купуваат карти за спас на Вардар, тогаш ние кои сме тука имаме должност да го исполниме цел стадион!