За работи за 4. коло на втората сојузна ракометна лига за мажи – јужна група, како што вели коментаторот кој го има на почеток во кадар.
Се игра на отворено, а стадионот на Вардар крца со 3.000 публика. Дресови нема, бидејќи 75-та е ова, што значи ракометарите се појавуваат во шорцеви и маици. Со исклучок на голманите кои се во ѕвонарки, врвна мода во тоа време.
Амбиентот е навивачки, како што доликува на едно градско дерби, а стартот е доста тврд со резултат 0:0 и тоа се додека не поминаа дури 14 потрошени напади или по 7 на двете страни ако изброивме добро.
До тој момент голманот на Пролет имаше 5 одбрани, а оној на Вардар 2. Убаво е човек да види како порано се играло ракомет.
Првиот гол падна на 7:37 на видеото