Јако видео на Комити од спектаклот на Градски

Комити успеаа и на некој начин испишаа историја за македонскиот фудбал, бидејќи никој никогаш претходно во нашата лига не продал преку 30.000 билети, па уште и за меч кој не може да се следи од трибини.

Да ја заокружиме нашата акција со видео од една друга перспектива, затоа што Вардар се гледа не само од една туку од повеќе димензии.

Нашата иницијатива за многу кратко време беше препознаена од сите како искрена, и затоа беше и е општо прифатена. Затоа стигна поддршка на разни начини од сите страни, затоа што конечно беше препознаена нашата исконска љубов и страст за Вардар.

Има многу на кои треба да се заблагодариме, и на кои веќе јавно ја изразивме нашата Благодарност, и ќе се заблагодариме на сите кои се со нас во овие тешки моменти.

Оваа акција беше организирана исклучиво за оние кои ги бранат нашите бои на теренот. Продадени се повеќе од 30.000 карти, и со тоа на сметката на "Пасворд Продакшн" - МК Тикетс, ќе легнат над 3.000.000 денари. Средства со единствена намена за плати на Фудбалскиот клуб Вардар. Веруваме дека ќе биде доволно за нашиот Вардар да функционира барем 2 месеца.

Точно колку билети се продадени ќе објавиме до среда откако ќе стигнат сите уплати.

Сега уживајте во оваа голема работа која заедно со ваша помош ја завршивме на високо ниво и максимално успешно.

ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ !

Виа

Повеќе

23 февруари 2021 - 10:04