Најтрофејниот фудбалски колектив во земјава, живее тешки моменти од клупската историја, но за среќа тука се верните навивачи кои го креваат и кога е тешко.
Со акцијата „купи карта за спас на Вардар“ навивачката група Комити успеа да го распродаде цел „Градски стадион“ кој никогаш претходно не бил распродаден до последна влезница.
Комити успеаа да соберат околу 50.000 евра од акцијата, пари наменети за опстанок на клубот, за подмирување на долговите кон играчите кои ќе треба да го изнесат големиот товар сезонава.
Вардар во недела го игра вечното дерби со битолски Пелистер, па за таа прилика навивачите на „црвено-црните“ ги охрабрија играчите со спектакуалрно пиротехничко шоу со бакљи, огномет, светлечки ракети, петарди и песна.
На овој начин Комити уште еднаш покажаа дека се верни чувари на Вардар.
Posted by Komiti Skopje on Friday, 19 February 2021
#FCVardar is facing huge financial problems & the Macedonian club was on the brink of extinction! 🔴⚫️
— Filip Mishov (@fmishov) February 19, 2021
The ultras of the reigning champion of #Macedonia - 'Komiti' tonight lit up the national arena to show support to the club ahead of the difficult 2nd half of the season! 🇲🇰 pic.twitter.com/D46xqkRVZM
Фото: Sport1.mk