Како е можно на фудбалерите на Вардар да им се забрани да тренираат на тренинг кампот на Вардар?

За опстанокот на ФК Вардар очигледно е дека се борат само Комити и сè друго за сега излезе дека е фарса. Самсоненко се перчеше дека го направил најмодерниот тренинг центар на Балканот, а сега не им дава да тренираат. Каков апсурд.

Од ситуацијата со ФК Вардар настана лакрдија на која никако не може да и се стави крај, а на фронтот во први борбени редови е навивачката група Комити која за сега изгледа е единствена која се обидува да го врати во нормала македонскиот бренд.

Момците направија огромна акција и собраа 3,3 милиони денари за играчите да земат плата, што е до сега невиден подвиг во мак фудбалот. Тие упорно бијат битка за клубот да преживее, а ова што го соопштуваат е мизерија од светски размери која ја има само во Македонија.

Раководството на Фудбалскиот Клуб Вардар, не им дозволува на Фудбалерите на Фудбалскиот Клуб Вардар, да тренираат на Тренинг Кампот на Фудбалскиот Клуб Вардар !

Ова не е наслов на филм со жанр - пародија ниту пак е рана првоаприлска шега, ова е за жал реалноста со која се соочуваме сите ние кои се идентификуваме со Фудбалскиот Клуб Вардар.

Фудбалскиот Клуб Вардар е детенце кое е исфрлено од својот дом на улица, исфрлен е од своите родители кои се откажале од него преку весник. Исфрлено е на суров начин, и родителите не сакаат да чујат за него, дали има каде да преспие, дали е добро, дали е гладно, жедно, дали е добро, дали ќе фати некоја болест...

А што е вината на тоа дете кое е толку слатко, што едноставно ги радува срцата на сите други освен оние на своите родители?

Другиот родител е Градот Скопје, кој смета дека не треба да се грижи за своето чедо поради тоа што другиот родител, а не самиот тој го исфрлил своето дете надвор, па поради тоа и нема обврска да го згрижи своето мало детенце, кое плаче затоа што е неухрането, жедно и ненаспано.

Ќе има ли некој доволно доблест и храброст да им го одземе на негрижливите и неодговорни родители ова мило детенце?

Постои ли некоја институција која ќе знае да отвори очи да го констатира сево ова, па да се охрабри да им го одземе правото на родителство на двете страни, за да назначи нов старател?

Ова дете мора да биде растено со љубов !

На прашањето дали тренинг центарот е на име на Вардар или лично на Самсоненко, Комити на Фејсбук одговорија:

„Тренинг кампот е на име на Ракометниот Клуб Вардар, а исто е и фудбалскиот клуб Вардар во сопственост на РК Вардар. Но РК Вардар и РК Вардар 1961 се два различни субјекти сè уште, додека се докаже континуитетот на клубот во ЕХФ. Некој сакал работите да ги искомплицира и да направи правни лавиринти до недоглед. Имотната состојба за сите е енигма сè уште, се шпекулира дека долгот на клубот е од 1.8 милиони до 3.5 милиони евра

Виа 

И сега ова се градеше за Вардар или за прч и прашина да фаќа? 

12 март 2021 - 13:50