Комити денес соопштија дека акцијата била и повеќе од успешна, дека се продале вкупно 33.381 билет за мечот со Пелистер во домашното првенство.
Собрани се, рекоа претставници на групата, 3.338.100.00 денари (3 милиони, 338 илјади и 100 денари) и дека по платен данок кон државата во износ од 509.000 денари и провизија во износ од околу 250.000 денари кон МК Тикетс, компанијата преку која одеше продажбата, на Вардар му се дадени 2,6 милиони денари.
„Подвиг и сеопфатна акција што беше поддржана од целиот народ и доби широк замав зошто целта беше искрена. Срушен е секој можен рекорд, продадени се 33.381 билети, остварен е приход од 3.338.100 денари, а 2,6 милиони денари им се дадени на играчите и сите во клубот. Вардар ќе живее, зашто го има народот зад него. Веруваме дека фудбалерите ќе стигнат до опстанок.
„Вардар ќе живее, не само затоа што ние сакаме така, туку затоа што и народот така сака. Можеби некој не сака така да биде, но веруваме дека така ќе биде. До нас допреа гласини за некакви стечаи, банкроти и слично. Се надеваме дека нема да дојде до тоа. Благодарност до ФФМ и до општина Марино кои овозможија тимот да има каде да тренира“, рекоа Комити.