Неповторливи сцени со Комити кои прават “земјотрес“ на Кале

Се работи за мечот РК Вардар - Караш Северин од Романија одигран на 26 март 2011-та кој Црвено-црните го добија со 28:22. Шоуто на Комити стартува на улица со кортео и пиротехника, а продолжува со пеколно темпо во ракометниот храм. Многу јако навивачко издание.

Точно пред 10 години. Легендарното Кале, моќни Комити. Тресењето на мостот кај Жабарот, влезот на играчите и зига загата од 8:10 на видеото.

И тогаш некои решија дека вакви Комити се опасност за партиските агенди. Жалосно што растурањето беше спроведено од сами екс високи членови на групата.

Утре сите пред сала, за испраќање на Чупиќ, за мотив плус за во сабота.

Виа

26 март 2021 - 16:09