Вардар конечно ја прекина лошата ноза во Лига на шампиони и стигна до триумф над Елверум со 32:35, само втор сезонава во елитното натпреварување.
Избраниците на Стефче Алушевски прокоцкаа предност од три гола на мечот против норвешкиот состав и освои само бод, но денеска беше обратно.
Вардарци во финишот направија фантастична серија од 0:4, клучна за победата, Елверум брзаше да се спаси од пораз, но направи грешка за која стигна казната во последните секунди.
Најпрецизен на мечот беше Тимур Дибиров со 9 гола, Гоце Георгиевски постигна 6 од кои два во самиот финиш, кога се одлучуваше победникот. Кизиќ и Кантегрел имаа по 5 интервенции.
Во групата А, Вардар сега ја избегна последната позиција и има шест бода, еден повеќе од Елверум.
На 4 март Вардарци го пречекуваат Мешков Брест.