Вардар синоќа падна на дербито во салата Боро Чурлевски со 3 гола разлика, што значи дека титулата по долга пауза од 18 години е на дофат кај Еурофарм Пелистер кој е прв на табела. За официјално да ја освојат им преостанува во последните две кола да ги совладаат Охрид и Тиквеш. Битолчани веќе слават, а во први редови со навивачите беа и тренерите Звонко Шундовски и Александар Јовиќ.
Тетекс, Пелистер и Кожуф се последните три пресметки за Вардарци во беспоштедната, долгата и херојска битка која ја бијат за кам бек во прва лига. Комити ги одржуваат играчите финансиски во живот, а за саботниот меч против тетовчани организираат и акција.
Македонската ракометна селекција одигра неизвесен меч со Турција во последното коло од квалификациите и со победа 30:27 удри печат на пласманот на Евро 2024 кое ќе се игра во Германија.
Претседателот на МОК спреми брз одговор за голманот на Вардар кој денеска одржа прес конференција на која рече дека ќе го тужи МОК на Спортскиот суд во Лозана. Се состои од 5 реторички прашања.
Таков е денот денеска. Документарец со Дарко Панчев очекувано носи легендарни приказни од носталгичните ју времиња со Вардар и Црвена Ѕвезда, анегдоти на Васил Рингов и сл. Да чуеме уште нешто на таа тема.
На промоцијата на документарецот за Дарко Панчев имаше многу фудбалски легенди на Вардар, Црвена Ѕвезда па сè до Милан. Ама шоуто го украде Васето од Струмица.
Поранешниот голман на Вардар беше во центарот на вниманието на мечот од Лига Европа меѓу Фуксе Берлин и Кадетен Шафхаузен кој германскиот тим го доби со 30:24. На едниот му падна со цело тело, а другиот го поткачи со нога во глава по што падна како покосен.
Воска кој е лидер на табелата во втората македонска лига, одлучи да не прима гостински навивачи за мечот против второпласираниот Вардар, кој е многу важен во битката за промоција во прва лига. Се игра во недела со почеток од 16 часот. Играчите и навивачите заедно се мобилизираат и се надеваат дека охриѓани ќе ја сменат одлуката.
Најголемата навивачка група на Вардар ја продолжува традицијата и точно на полноќ во населбата Драчево и оваа година го одбележи најголемиот христијански празник со пиротехничко шоу кое не се опишува со зборови.
„Ви што давате голови, да не се срамите да давате голови, ќе давате ами како. Вие во одбрана, не пуштајте пиле да прелета. Сите да го кренеме Вардар, птица Феникс, од пепел горе да го качиме каде што му е местото“.
Вардарци на Фејсбук го објавија цело соопштение кое го пуштиле до РФМ, откако тоа го сторија и Битолчани. Објаснуваат детално како се договарале за безбедноста во салата и посочуваат кој каде потфрлил.
Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација синоќа во гостување во МТВ зборуваше разочарано за ситуацијата во клубот со кој успеа да ја освои титулата во Југославија.
Борко Ристовски во гостување на видео подкаст, повторно распали против првиот човек на КФМ, но овој пат многу подиректно. Потоа пак го критикуваше и Кире Лазаров како селектор. Посочи тројца стандардни играчи зошто не се дел од репрезентацијата.