И во добро и во лошо, Вардар и Комити се заедно. Секаде и секогаш, особено во овие мрачни или можеби најмрачни денови од постоењето кога клубот кој пред шест години испиша историја со настапот во Европа, сега живее од денес за утре.
Без стадион, тренинг база, канцеларии, секретарка и што е најнесфатливо без пари и со мистериозна управа која 15 месеци не ги плаќа играчите и стручниот штаб.
И во најбедните денови, Вардарци се борат машки и имаа водство 90 минути и тоа на гости против лидерот Воска Спорт.
Во судиското продолжение за жал дозволија пресврт и така го загубија мечот, но надежта никогаш не ја губат и во Охрид имаа голема поддршка од нивните најверни навивачи.
Воска забрани публика, но Комити пристигнаа во Охрид и после мечот се сретнаа со играчите пред стадион за да им ја дадат поддршката и да им порачаат дека нема предавање.
Со овој пораз Вардар падна на трета позиција која води во баражот за пласман во прва лига, за разлика од првите две позиции кои водат директно.
До крајот има уште 5 кола, а во следното во среда во битка за врвот играат:
Вардар - Слога 1934
Кожуф - Воска Спорт
Арсими - Гостивар