- Гробари организираа акција под името „Еден Партизан имаме“, со цел да му помогнат на клубот да го плати големиот долг за данок.
- Резултат? За само еден ден собрале 500.000 евра, а на листата на донатори некој уплатил 1,4 милиони динари или по нашки околу 700.000 денари.
- Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ изјавил дека секој член на управниот одбор на клубот ќе плати по 100.000 евра од џеб и така ќе се дојде до еден милион евра.
- Кај нас освен Комити и капитенот на Македонија Стефан Ристовски, никој со мал прст не мрда за Вардар, па можеби е време за донаторска акција.
- „Би сакал да одиграм уште едно вечно дерби на Маракана, пред 50-60 илјади луѓе. Како заколнат ѕвездаш, би го избрал дресот на Црвена Ѕвезда. Дефинитивно го сакам и Партизан, таму поминав четири феноменални години, навивачите беа супер со мене и ме поддржуваа. Знам дека навивачите на Ѕвезда на некој начин ми замерија за трансферот, но сепак би се одлучил да играм за Ѕвезда против Партизан, бидејќи во срцето сум Звездаш. Мислам дека сум еден од ретките кои отворено го кажуваат тоа, во срцето ги носам и црвено-белите и црно-белите бои“.
- „Уште од мал сум го сакал Охридското Езеро – чисто е, ладно, тука е и охридската пастрмка. Се сеќавам уште од дете кога доаѓавме на екскурзии на Црн Дрим. Подоцна доаѓав со ветераните, игравме на Билјанини Извори, бевме и со младата репрезентација У-21 на подготовки кога Илиевски беше селектор и спиевме во воените бунгалови. Јас сум Македонец и за Охрид ме врзуваат многу емоции“.
- „Во наше време, на играчите од Југославија им беше забрането да одат во странство пред да наполнат 28 години. Затоа некој како Пижон, Шестиќ или Дуле Савиќ играше по 10 години во Ѕвезда, и нормално беше едно дете од својата 9-та до 19-та година да ги гледа како идоли. Денес сите зборуваат само за Роналдо и Меси. Денешниот фудбал во Србија, Македонија, Словенија нема некој посебен квалитет. Се купуваат странци од послаби лиги, а фокусот е повеќе на парите отколку на градењето вистински идоли“, вели поранешниот македонски репрезентативец во интервју за ohridnews.
- Во центарот на вниманието денеска ќе биде мечот меѓу Вардар и Висла Плоцк во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.
- Ова е дуел на кој со победа Вардар ќе ги продолжи надежите за место во ТОП 12 во Лигата на шампионите, а пораз практично ќе значи преселба во Лигата на Европа или елиминација.
- Вардарци против Висла Плоцк досега имаат одиграно шест средби на кои досега запишаа три победи, две реми среби и еден пораз.
- Полскиот вицепрвак сезонава во групата играше драматични натпревари и загуби кај Нант, а дома го победи Мелсунген. Во составот на Чави Сабате се прекалени борци како Дашек, Крајевски, Сита, Реј Моралес, Шушња…но и Косоротов, Илиќ, Ричардсон, Давиџик, Михиќ…а голманскиот пар го сочинуваат Алиловиќ и Вујовиќ.
- Покрај дуелот меѓу Вардар и Висла Плоцк, во Лигата на шампионите се играат уште пет средби во Берлин, Загреб, Барселона, Касел и Архус.