- Своевремено Лино Червар во Автокоманда знаеше со кренат прст често да повторува дека одбраната е таа што го добива мечот, нападот тој што го губи. Се потврди уште еднаш точна неговата филозофија, претпоставувам, добро научена и од еден од неговите најдобри ученици. Алкалоид со добра, трпелива игра во одбраната го доби натпреварот. Вардар со грешките во нападот – го загуби.
- За РК Алкалоид и за Кире Лазаров во тренерска улога, победата против Вардар, значи фаќање приклучок во борбата за шампионската титула во која новакот може да се најде и во ситуација да биде „третиот“ што користи додека „двајца се караат“. Тоа ги става шампионот и вицешампионот во позиција кога грешка веќе не им е дозволена кога и онаа од дербито во Скопје сè уште им стои за наплата.
- Прогнозите генерално, сега се дека титулата ќе се решава на дуелот со Еурофарм Пелистер во Битола. Но, станува се појасно и дека на „црвено-црните“ веќе не им е доволно само искуството и рејтингот од минатото за да се прошетаат рутински до титулата.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.