- Дисциплинската комисија на МОК жестоко го казни Борко Ристовски, во наредните четири години да не може да ја врши дејноста спорт.
- Голманот на Вардар бил пријавен во март од Димевски за гостување на телевизија како претставник на политичка партија каде што „ширел невистини, лаги, клевети и неточни информации на сметка на претседателот на МОК Даниел Димевски.
- Ристовски има право на жалба во рок од 8 дена и за во среда најавил прес конференција.
- „Во северна вукојебина сè е можно. Ама не со мене. Допрва ќе плачете криминалци“, стои во неговата реакција на социјалните мрежи.
- Еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња, младиот Словенец Тадеј Погачар доживеал сериозни повреди на големата трка Ла Вуелта а по лекарските прегледи било востановена скршеница на клучната коска.
- Тадеј Погачар лошо падна на осмата етапа на околу 32 километри пред целта во Ксерако. По падот не ја продолжи трката и се откаже од Вуелта иако беше лидер во генералниот пласман.
- Погачар доживеал скршеница на левата клучна коска, имал потрес на мозок и скршеница на седмиот вратен пршлен како и повеќе други повреди.
- „Тадеј сега е стабилен. За среќа нема други сериозни повреди ниту невролошки последици“, рекле лекарите од неговиот тим.
- Македонската ракометна репрезентација ова попладне се пофали со нов член на стручниот штаб со кој раководи селекторот Кирил Лазаров, а новото засилување доаѓа со цел дополнително да се напредува на голманската позиција.
- Ракометната федерација на Македонија со задоволство објави дека хрватскиот стручњак Драган Јерковиќ во иднина ќе биде задолжен за работата со голманите во стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија, а бидејќи станува збор за човек со богато интернационално искуство, се очекува брзо да видиме резултати и на теренот.
- Јерковиќ изминативе две сезони работеше во Рајн Некар Левен, новата сезона ќе ја почне како голман-тренер на Ерланген, но истовремено ќе биде дел и од стручниот штаб на Лазаров.
- – Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија. Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет.