Купи маица и помогни му на Вардар

Тетекс, Пелистер и Кожуф се последните три пресметки за Вардарци во беспоштедната, долгата и херојска битка која ја бијат за кам бек во прва лига. Комити ги одржуваат играчите финансиски во живот, а за саботниот меч против тетовчани организираат и акција.

„КУПИ | ЗА КЛУБОТ И ГРУПАТА

Во моментов, кога сите сакаат да го урнат, нашиот Вардар опстојува единствено поради финансиската и логистичката помош на навивачите. Секако, и поради пркосот на фудбалерите - херои!

Не радува тоа што, не само Комити, туку и целокупната јавност, народот, ја препозна нашата борба и активно се вклучува!

Во сабота, пред натпреварот со Тетекс, пред стадионот ќе се продаваат маички, со чие купување финансиски го помагате функционирањето на клубот и групата. Ти си Вардар, нема никој друг, затоа купи и помогни!

Цена: 500 ден.

СИТЕ НА СТАДИОН - ЗА ВАРДАР НАШ!“

2 мај 2023 - 15:11