Колку и да звучи будалесто, актулниот конфликт меѓу Иран и САД почнува да потсетува на виц. Само што за нас Европјаните, има уште многу работи од кои може да се плашиме.
Во кратко и остро писмо до Фајненшл тајмс милијардерот инсистира Марк Закерберг и неговата десна рака Шерил Сандберг под итно да бидат отстранети од раководните улоги во компанијата, или во спротивно Трамп ќе тера и втор мандат.
Тоа што го прави Берни Сандерс толкава закана за демократскиот естаблишмент е дека тој се залага за тоа за што милиони демократи мислеа дека нивната партија сето ова време се залага.
Ова е легендарен настан по многу основи. Тешко е да се фокусираме само на Коби, бидејќи кога ќе видите кој се играше таа година, ќе ве пукне силна носталгија. Едно што се појави како дебитант со јаки потези, друго што доби задача да се чува со Џордан и трето што имаме снимка со коментар на Љубомир Николовски.
Откако Доналд Трамп се закатанчи за Иран и почна да им убива луѓе кои ефикасно го дератизираа просторот од тие лудаци, овие го искористија неочекувано подарениот тајм-аут и ги консолидираа редовите. Денес ги има двојно повеќе отколку кога го прогласија Калифатот.
Кога ќе се спомне Виареџо, прва асоцијација во Македонија се Горан Пандев, Аце Стојков и сјајната генерација млади фудбалери на Беласица која подоцна доби уште неколку понуди да учествува на најголемиот младински турнир во Европа.
Се разбира, бевме разочарани што некој-си-таму филм за фабрика за автомобилски стакла во Охајо, продуциран од некои-си-таму Обамовци, ни го зема заслужениот Оскар за документарец. Но кога лутината стивна, тој сепак требаше да се погледне, не за да се види дали е подобар од „Медена земја“, туку дали е воопшто добар.
Нова политичка теорија која се покажа прецизна на минатите американски избори комплетно ги менува постулатите на изборната теорија: изборите не ги решаваат таканаречените неопределени туку тоа чии симпатизери во поголем број ќе решат да излезат од дома и да го дадат својот глас.
Сите руски воени ветерани од Русија и Балтичките земји ќе добијат еднократен надомест за нивното учество во Втората Светска војна по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.
По годишното обраќање на нацијата, Доналд Трамп ја изигнорира понудената рака на Ненси Пелоси и одби да се ракува со неа. Кога тој со дигната муцка ликуваше над својата мала победа, оваа позади му го искина говорот.
„Овие ли сакаш да ти ја водат здравствената заштита,“ е отприлика консензусот меѓу републиканците откако демократите ноќеска направија хаос во првото коло од партиски избори за претседателски кандидат.
„На Марк Закерберг не треба да му се дозволи да го води Фејсбук!“ изјави милијардерот по одлуката на Фејсбук дека нема да се меша во содржината на политичките реклами. Сорос стравува дека со слободно пуштање политички пораки, Трамп купува нови 4 години во Белата куќа.
Првичниот план било да се одат со едноминутен блок но подоцна штабот решава пораките да се поделат во две парчиња од по 30 секунди, За реклама од 30 секунди на Супербол (и публика од преку 100 милиони луѓе) се плаќа 5,6 милиони долари. Се има, се може.
Одговорот е едноставен и ненадјебив: силна економија. Кога нa економијата ѝ оди добро, просечен гласач не сака многу да експериментира. Раштиманите Демократи ќе мора да смислат некое друго алиби освен Руси и велешани.
Додека светот се соочува со коронавирусот, да се потсетиме на пандемијата на грип од 1918 која зафатила 500 милиони луѓе низ светот, дури и на Арктикот. Се смета дека тој однел 50 милиони жртви, што од овој настан прави една од најсмртоносните епидемии во човечката историја. Голем број славни личности му подлегнале, но имало и такви кои успеале да се извлечат.
Сенаторот од Вермонт фаќа убедлива предност пред другите кандидати на демократите во последниот месец пред примарните избори во Калифорнија. На националната конвенција на Демократите на кои ќе се избира противкандидат на Трамп, Калифорнија праќа дури 494 кандидати.
Иако мнозинството Американци сметаат дека Трамп има дела за кои може да биде отповикан, тоа мнозинство се топи кога прашањето е дали тој треба да биде отповикан.
Додека Демократите даваат се од себе за да им пројде импичментот, Доналд Трамп постави претседателски рекорд постирајќи 125 твитови и ретвитови во еден ден.
Судејќи по ударничката поддршка што ја добива Елизабет Ворен од Сиенен и другите медиуми наклонети кон демократите во врска со нејзиниот отворен судир со Берни Сандерс, станува јасно дека популарноста на Берни и овојпат не ѝ одговара на партиската централа бидејќи неговите напади на Вол Стрит не им се бендисуваат на донаторите.
Во ново интервју Хилари Клинтон порачува дека „ќе направи сè што може за да го порази“ Трамп во 2020, и уште поважно од тоа го испердаши и Берни Сандерс притоа закачувајќи му етикета на сексист.
„Ние сега сме БРОЈ ЕДЕН во Универзумот, со голема разлика!!“ напиша Трамп на Твитер пред да стапне на швајцарско тло каде треба да се сретне со останатите светски лидери.