- ТикТок изгуби на федералната апелација жалејќи се на законот по кој треба да се одвои од кинеската мајка компанија до 19 февруари или ќе биде забранет во државата.
- Апелационите судии во Вашингтон решија дека законот по кој е донесена одлуката за ТикТок може да важи бидејќи е дизајниран да ги заштити националните интереси.
- ТикТок сега може да го спаси Врховниот суд, Доналд Трамп или некој американски купувач.
- Се работи за една од најпопуларните видео платформи во САД која ја користат 170 милиони Американци.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.