Новинарите го имаат последниот збор, освен со Трамп

Пренесовме (тука) дека двајцата најголеми хејтери на Трамп од MSNBC, Џо Скарбороу и Мајка Бжежински (ќерка на 'Д' Бжежински), после седум години лично се сретнале со нивниот архи-непријател. Според нив, тие не биле на 'баци рака' во неговиот Мар-а-Лаго, туку отворено зборувале за сите незгодни теми и во очи му кажале за што не се согласуваат со него. Трамп тоа не го памти така. 

Нивната верзија:

Верзијата на Трамп:

Утринава, „Утринскиот“ Џо и Мајка Бжежински, кои на мене направија кариери, отидоа на својата емисија и рекоа дека се сретнале со мене.

Звучеа како да имале самит.

Вистината е дека Џо ме молеше да се видиме после Големата победа, а откако конечно прифатив, ми пријде како искарано куче. Треба да се смета среќен што не го исфрлил од убавиот Мар-а-Лаго.

Мајка беше шармантна, како и обично.

п.с. Пoследни муабети се дека MSNBC прави голема штета на главниот бренд NBC, па газдите веќе започнаа нивно корпоративно раздвојување за подоцна тоа да заврши со продажба на MSNBC. „Судбината на MSNBC можеби е во рацете на Трамп“, пишува CNN.

 

22 ноември 2024 - 11:13