Се започна во 1957 година кога директорот Деламарис влезе во лабораторијата на Аргета фабриката и рече: "Направете нешто вкусно од пилешко месо, кое луѓето ќе можат да го мачкаат на леб! " Технолозите промрмореа и се вратија на работа. Тие знаеја дека нема да биде доволно само да се свари пилешкото месо, туку дека ќе биде неопходно да се додадат и малку вистински зачини, за што сите се согласија. Постојано тестираа и проверуваа, додавајќи нови зачини и билки се додека не ја постигнаа посакуваната цел. Па така некаде околу 1957 година, пилешките паштети се родија. Едноставно наречени: пилешки паштети, тие ја започнаа битката на пазарот во Словенија. Наидоа на позитивни коментари но, условите на пазарот не беа розови. Цените на стоките се зголемија, па продажните цени мораа да останат замрзнати. Ситуацијата дојде до таму што фабриката беше принудена во 1973 година да ги стопира машините за производство на паштети.
13 мај 2015 - 15:22