писма на читатели:

Летни импресии од Банско

Чуваш ли ме кво ти казвам – не не те слушнах - кво ке ме чуеш коа работи моторо, отвори багашника. По трет пат човече, мора да сам нешо сумњив или па се заебаваа со мене. Тројца различни бугарски цариници ме караа да отвора багажнико. Барем да беше некој багашник.

Лечебната сила на минералната вода

Пошто секој втор шо го знам има појдено Банско кој на зимо на скијање а појче во лето на АЛЛ Инклузив на кркање за 22 евра реков редно е и ние да појдиме да го видиме. Никако не остануваја пари од пусти кредити и полнење на минуси на картици ама годинава некако и сам не знам од каде ни останаја 100 евра по враќање од одмор од Грција. А да, се сетив, во Космос за ташната и сандалите на женами платив со картица па така ми остана кеш. Се договараме со другар ми од средно вика ќе одиме Добриниште одма е до Банско има базени со минерална вода супер е за капење. Ја сакав баш во Банско ама вика нема шо да прајме таму нема нишо. Мојо предлог за шетање низ Пирин планина е надгласан во полза на банањето во Добриниште. Гледам на мапа барем ќе поминиме низ Банско ако ништо друго. И така во 8.00 недела се пикаме в кола два пара со по едно дете, назад малку тесно ама не се бунат сите се возбудени шо че ојме на капење. До граничен премин имам 10 км и одма ги возам. На македонска страна со полицаецот се најдуваме школски и одма врвиме. Застануваме да купиме ладна вода пошто заборајвме а во мегувреме ме преминуват две коли( исто школски другари бај д веј) и тие тргнати накај Бугарија. Одиме на бугарска страна пред нас се двете коли шо ме поминаја чекаме отприлика 7 минути по кола. Стасавме и ние на ред. Ми бара зелен картон и сообраќајна. Бугарскио полицаец со доста озбилен тон не чита еден по еден да се јавиме кој е кој ( ко во војска јеботе) а после уште поозбилно приклонува кон компјутерска проверка и најбитното удирање на печат во пасошите. Кизнај колку уживаше во удирањето на печатите. Можи мислеше дека го спасува човештвото со секој удрен печат. Истата процедура пред 2 недели за влез во Грција траеше 20 секунди. Имаше колона од 2 километри пред граница. Недај боже на Бугарите да му дојда толку туристи има да чекаме по 24 часа за влез. Не ми беше јасно како и двете земји во ЕУ а различно ама ајде нема врска поминавме зедовме винетка за една недела кај сакаме да одиме низ цела Бугарија за само 10 лева. Ако споредиме со кај нас од Прилеп до Скопје патарини се 180 денари во еден правец пута два то се 360 денари само за еднаш. Ова као било само за надворешни коли за бугарски таблици било и поевтино. Ти ебам државата, си карам и си возам според правила и прописи пошто нејчам да платам казна за брзо возење. Патот до Банско е релативно добар, не е автопат, има ограничување на многу места до 60км/час ама главно нема дупки и по отприлика сат ипол стасавме Банско. По патот реклами за нашта дестинација во Добриниште - Лечебната сила на минералната вода - шо е знак дека на право место одиме. Хотели еден куп. Се гледат ски терените горе на Пирин планина. Врвиме низ Банско и стигаме Добриниште. Се провртуваме малку и го најдуваме Алфа Поол анд Спа. Паркирам на слободен паркинг - добар знак Бугарите зеле нешто од Грците оти во Охрид последнио пат уше не не натепа тој паркирачо ко си заминувавме. А ја остајвме колата на еден сат преку сила, на враќање од Славија и го баравме, Бог ми е сведок дека го баравме да платиме за ПАРКИНГ. Можи бил на мочање кој че знај али главно го заебавме не му плативме за тој сат шо постој колата во Охрид . Зато во Охрид појче Невермор.

Добро да се вратиме на темата си плаќаме влезница од 20 лева по фамилија и касиерката ни кажува пошто е гужва мож одма нема да можеме да наеме лежалки да се стрпиме малце . Влегуваме внатре и седнуваме на маса да пијаме по едно кафе да се освежиме. Децата не чекат кафе него одма ода в базент. Другар ми исто одма по нив. Ја се пулам низ гужвата барам лежалки нема ни за лек. Сето полно, госпожата мрчи, ја се нервирам детето го нема. И оп се ослободуват две лежалки стануваме ставаме крпи и се бувнуваме во големиот базент. Ооо убајни базенто со минерална вода топличка надвор пријатно . Забораваш на се. Во малио базен за децата водата ко од бојлер. Во џакузито ептен жешка. Се враќам во големиот базент на оние шо прска вода озгоре масажа на грбо. Здогледуваме шанк во базенто. Цените поефтини од кај нас – Пиво 2 лева фрапе 2.5 лева еспресо за 1,5 лева-Џабе. Мажите се освежуваме со Загорка, за децата и жените сладолед- на шанк во базент и можиме да си го дозволиме сето то . Ептен сме хепи. Продолжуваме со пливање и ни се пријадува од многу пливање. Најскапото нешто на менито кошта 7 лева – пилешко по добринишки (1 лев = 30 денари), бугарски кебап 1,2 лева. Се накркуваме убаво за ефтини пари и продолжуваме со киснење во базентите и паузи на шанко.

Кај 6 сато по бугарски се прибираме. Колата е тука никој не ја е украл фала богу ( не крали коли од 1500 евра него од 150 000). Се пикаме в кола и назад. Некако побрзо минува сега можи дека е удолница. Пазам на ограничувања. Можи барем за 20км/час побрзо да се вози, пато е добар. Не ризикувам. Си прајме покупки од Метро и продолжуваме за Делчево. На 5 км пред граница гранична полиција не сопира му кажуваме идиме од Банско и одма не пушта. Ваљда не му личиме на некој шо пренесува дрога или оружје него личиме на прави туристи изморени цел ден од пливање. На граница 5 коли пред нас. Чекаме скоро еден сат. Ја се жалам како е споро а другар ми вика ќути да не му текне може цела кола да ти ја разглобат као барат дрога. Иди бугарски цариник – имате нешто да пријавте – Не – Отворете багашнико, ОК терајте. По 5 минути иди друга царинарка добро вечер ај отворете багашника – Добре карајте. Давам пасошите на проверка истата процедура – појавете се ајде сите. Па ми бара сообраќајна и зелен картон за кој кур не знам. Тешко издишувам. Чуваш ли ме кво ти казвам – не не те слушнах - кво ке ме чуеш коа работи моторо, отвори багашника. По трет пат човече мора да сам нешо сумњив или па се заебаваа со мене. Тројца различни бугарски цариници ме караа да отвора багажнико. Барем да беше некој багашник. Не можам да излезам, морам да мрднам напред за да излезам да отвора багашнико. Добро е карај, казва третио царинарец. Оти на излез од Грција никогаш не ме терале да отварам багашник грчките царинарци се прашувам. Мора ептен да не нејча нас Македонците. Ами па со Бугарите еле сме сшчото за какво тие заебанции. Си земаме пасошите и тераме накај наште. Отварам уште еднаш багашнико – од некаде си ми познат вика ми царинарецо – абе ја сам од Делчево само сам заминал одамна.

Пијаме едно кафе кај другар ми и си ги префрламе сликите. Броиме лајковите од претходно постираните на ФБ. Супер ден уше да не се чека толку на граница. Не знам кој да окривам бугарскио царинарец или нашта влада шо не не примат толку години во ЕУ па само со лична карта ваљда ќе е побрзо. Се договараме следнио пат одиме со еднодневно спијање во некое хотелче - ми ја фали римска бања. Ако дат К-15 изводливо е пола на картичката да се платат сандалите и ташната пола за Банско. Нема ваљда да чекам да не примат во ЕУ до тогава.

Гоце

13 август 2015 - 14:11