Нова национална стриминг платформа ни овозможи да погледнеме филм кој сме го пропуштиле, а и реално не би имале многу можности да го видиме освен на телевизија. Комедија со атрактивен синопсис - што се случува кога во едно забаталено село ќе пристигнат три проститутки?
Од средината на август кога почнаа новите фудбалски сезони 2021/2022 во повеќето земји во светот, до изминатиов викенд, скоро и да немаше коло а некаде да не избиеше мала навивачка војна.
Може да гребете по споменици „бугарски окупатор“, да кажувате дека имаме заедничка историја или дека Делчев бил и наш и нивни, може од понеделник да се виткате како гумени бомбони и да се менувате според нивните желби ко пластелин - ова ништо не го пере!
Гостува српската премиерка Брнабиќ а домаќинка е Љубица Гојгиќ od РТВ(ојводина). Темите се нивни но депримирачки слични: прислушување, марихуана, цените на зејтинот и месото, министер кој апелира на финансиски патриотизам а не пријавил две офшор фирми...
Октомвриската пауза за репрезентативен фудбал завршува вечерва, на повеќето селекции им останува да доиграат уште 1-2 меча во ноември. Но ретко во која група е решено кој ќе патува на големиот Мундијал 2022.
Атрактивната Германија на Градски дојде со атрактивна водителка, ама и атрактивен гостин кој е една од најголемите фудбалски легенди и рекордер по број на репрезентативни настапи. Според овие фотки, некој ќе помисли дека е сликан на Лужники во Москва.
Германската програма за обештетување на преживеани од Холокаустот се прошири и опфати и илјадници Евреи кои ја преживеале опсадата на Ленинград. Онаа Бугарија, државата која ги плаќаше возовите со кои македонските Евреи беа праќани во Треблинка, кога ќе се фаќа за џеб?
Два часа пред финалето, расплакан му тропнал на врата на селекторот Ивковиќ. Ако заигра, за Словенија ќе биде предавник, ако не заигра, ќе ги издаде другарите од соблекувална. На сите нив тие денови им се распадна Југославија, само на Јуре му се распадна цел свет.
Европската Унија веќе не може да ги даде истите гаранции за идното членство на шесте балкански држави на кои некогаш им беше ветено место во Унијата, објавува Ројтерс врз основа на изјава од четворица дипломати и интерен документ.
Во рок од само еден месец македонската фудбалска репрезентација бележи нов пад на рејтингот на ФИФА. За тоа се должни слабите резултати на претходните три меча.
Италијанската фудбалска репрезентација очигледно уште е под импресии од освоеното злато и шампионски пехар на Европско првенство летово, па не победија на два меча по ред во квалификации за Светско 2022 и тоа против Бугарија дома само 1:1 и со Швајцарија на гости 0:0. Ама во Базел еден навивач извади јака парола.
По три победи во низа, европскиот првак одигра 1:1 против Бугарија во квалификациската група Ц за Мундијалот во Катар. Но никој не зборува толку за неочекуваното реми, туку подвигот на Италија.
Додека ние бараме чаре како ќе ја кроиме иднината без Пандев (Само 1 шут во рамки на гол против Ерменија од вкупно 12), погледнете каков експлозивен фудбал игра златното момче на Јуве и Италија на 23 години. Се води како крило, а е крајно дрзок во напад. Италија - Бугарија 1:1.