Бугарски судија гледаше ВАР, па досуди чуден пенал во Лига на шампиони

На мечот Волфсбург - Севиља видовме една од најчудните судиски одлуки донесени со ВАР во Лига на шампиони. Германскиот тим е оштетен за два бода.

Во 83' минута од мечот, Волфсбург мирно решаваше еден напад на Севиља, а фудбалерот од среден ред Жозуа Гилавоги во обид да исчисти една топка од својот шеснаесетник, во продолжение од траекторијата на движење на ногата го поткачи Ерик Ламела кој ја подмести ногата.

Главниот судија на мечот Георги Кабаков од Бугарија го изигнорира урликот на Аргентинецот Ламела, но се вмеша видеоасистентот Кевин Блом кој го повикал Кабаков кон мониторот.

Од еден агол при стопирање на кадарот стартот на Гилавоги изгледа страшен, но на видеото се гледа дека не е воопшто така.  

Гилавоги ниту се обидува грубо да стигне до топката, ниту има намера да прави прекршок. Човекот едноставно ја исфрла топката од својот казнен простор и притоа доаѓа во контакт со ногата на Ламела кој ја пикна сам под траекторија на движење на ногата на Гилавоги.

Кабаков пред монитор помина околу 30 секунди и по консултација со ВАР судиите се реши за пенал. Гилавоги доби втор жолт картон, автоматски црвен и го исклучија.

Притоа шпицот на Волфсбург Ваут Вегорст протестираше и доби жолт картон, а Иван Ракитиќ го реализираше пеналот со помош на кој Севиља израмни на 1-1 во самиот финиш од мечот.

Ниту на тренерот на Севиља Хулен Лопетеги не му беше јасно зошто е досуден пенал. Како резултат на овој пенал, Волфсбург остана без 2 важни бода во групата а Севиља се спаси од пораз.

Иронично, Кевин Блом работи како видеоасистент на втор меч по ред на Волфсбург во Лига на шампиони. После мечот со Лил тренерот на Волфсбург Марк ван Бомел го испофали Блом кој тогаш советувал да се поништи гол на Французите зошто топката претходно излегла од линијата за игра.

„За среќа он виде, иако се зависеше од неколку сантиметри“, рекол Ван Бомел кој сега е жртва на лошо судење.

„Треба да се свирнат по 9-10 вакви пенали по натпревар ако ова го сметаат за пенал“, рече вчера холандскиот тренер. Фудбалерот на Волфсбург Максимилијан Арнолд веднаш по мечот бил бесен и рекол: „Не ограбија!“. Кореспондентот на УЕФА Џејмс Торогуд додал и дека Арнолнд неколку пати пцуел и навредувал.

30 септември 2021 - 08:00